Започна со работа Младинскиот Медиски Impact Hub во Велес

Со оддржување на првата тренинг обука во склоп на проектот „Создавај, информирај, инспирирај!“ започна да дејствува Младинскиот Медиски Хаб во Велес. Истиот има за цел да промовира иновативни младински медиумски практики кои ќе ги оспособат младите креатори да создаваат професионална, етичка и висококвалитетна содржина за зајакнување на локалното новинарство и медиска професионална млада генерација која ќе се спротивстави на дезинформациите.
Посебен акцент се става на одржливиот медиумски развој и дигиталните иновации, кои би помогнале Велес да се позиционира како модел за позитивна трансформација и одговорно раскажување приказни во дигиталната ера.
Младинскиот медиски хаб Импакт е проект финансиран од Европската Унија преку SMS Facility програма за поддршка и развој на мали медиуми и организации од Западен Балкан, а реализатор когрантист со проектот „Создавај, информирај, инспирирај. Од локално до глобално – Младински Медиа Импакт Хаб“ е Фондацијата Импакт Нет.
Во проектот учесници се повеќе од четириесетина млади од средните училишта во Велес. Првата тренинг обука ги водеше навинарката Габриела Лескова од ТВ Сител и Лескова Дигитал.

Главната цел на проектот е: Да се изгради нова генерација на млади медиумски креатори кои ќе ја предводат дигиталната трансформација во служба на вистината, транспарентноста и општото добро.
Да се трансформира Велес од симбол на дезинформации во пример за медиумска иновација и етичко новинарство предводено од млади.
Да се создаде жив, динамичен и креативен медиумски екосистем каде младите ќе бидат активни гласови – раскажувачи на локални, национални и меѓународни приказни – и двигатели на позитивни општествени промени.
Да се поврзат дигиталните вештини на младите со вредности, овозможувајќи им да создаваат содржина што инспирира, едуцира и обединува различни гласови во заедницата.
Да се поттикне медиумска култура кај младите базирана на факти, истражување и критичко размислување – како одговор на ерата на манипулации и лажни вести.
Да се изгради одржлива платформа која ќе функционира и по завршувањето на проектот – младинска редакција која ќе создава содржина за култура, спорт, активизам и заеднички вредности што ги поврзуваат генерациите.
Ментор во проектот е: проф. Петранка Стојанова, а предавач: проф. Радмила Андовски. Координатор на проектот е: Стевче Дечев, а лидери асистенти се: Александар Јордановски, Димитар Андонов, Марко Ангелов, Лука Панов и Андреј Теов.
Во обуките предвидено е како предавачи да се појават и други новинарски имиња од Велес и експерти од полето на дигитален маркетинг и видео едитирање.
Младинскиот Импакт Хаб ќе биде редакција на Интернет порталите Green Press, Impact Press и поткастите XYZ.








