Младите ќе ја остварат зелената трансформација!

Започна со реализација проектот XYZ Green Gen Transformers: Млади за зелени општини во реализација на Фондацијата Импакт Нет.

Повеќе од четириесетина млади од сите средни училишта од Велес ќе бидат дел од овој едногодишен проект финансиран од Европската Унија преку проектот Зелена младина, зелен раст.

Проектот има за цел мобилизирање на младите како клучни носители на локалните зелени трансформативни практики, преку систематски развој на нивните знаења, вештини и иновативни алатки за одржлив развој на заедницата. Притоа, проектот има намера да ги поврзе традиционалните мудрости и искуства на повозрасните генерации со современите еколошки и зелени практики, создавајќи модели за зелени општини усогласени со Зелениот договор на Европската унија и Агендата за Западен Балкан.

Првата обука се оддржа во Иновативен Центар Вардар Хаб на Центарот за Развој на Вардарскиот Плански Регион кој ќе биде средишна точка на случувањата и активностите од проектот.

Присутните ги поздрави директорот на Вардарскиот Плански Регион, Зоран Јаневски и претставници од Македонската Развојна Фондација и проектот Зелена Младина Зелен Раст.

Тренинг обучувач за проектен менаџмент е Славица Гајдова, а ментори професори во проектот се: проф. Драгана Тевчева, проф. Надица Теова, проф. Василија Јорданова и проф. Милче Петровски.

Координатор на проектот е: Стевче Дечев, а лидери асистенти се: Димитар Андонов, Александар Јордановски, Андреј Теов, Марко Ангелов и Лука Панов.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search