енергетската транзиција начин за заштита на животната средина

Јавните инвестиции во секторот енергетика се мали по обем и придонесот на другите извори на финансирање, особено на домашниот и на странскиот приватен капитал, ќе биде клучен за реализација на Стратегијата за енергетика, велат од Министерството за економија.

Напуштање на јагленот и ориентирање кон обновливи извори на енергија најавуваат домашните институции со цел Македонија по 2030 година да ја намали или елиминира емисијата на штетни гасови од горењето на јагленот или другите фосилни горива. По 2030 година Македонија се обврза да не користи јаглен, а во меѓувреме се најавени и инвестиции во големи проекти за добивање струја од обновливи извори на енергија (ОИЕ). Енергетските експерти ја поздравуваат одлуката за десетина години целосно да се напушти користењето на јагленот, но притоа укажуваат дека се потребни сериозни планирања за да се гарантира стабилноста на енергетскиот сектор.

Зелената енергетска транзиција е невозможна без приватни инвестиции!

Ваквата најава е за поздравување. Десет години се доволен период да се направи преод кон производство на електрична енергија претежно базирано на ОИЕ. За да не остане сè на ветување, потребно е да се работи во три правци.

Прво, на еден солиден одржлив финансиски план. Со какви инвестиции и во која мера би можела оваа цел да биде остварена. Тоа би значело дека Владата треба да има солиден буџет и добро образложение во јавноста за да се распределат овие средства кои, да не заборавиме, доаѓаат од граѓаните – даночните обврзници.

Второ, со една јасна визија не само во областа на производството на електрична енергија, туку и во подобрување на енергетската ефикасност, нови концепти во реорганизирање на транспортот и во сообраќајот, како и примена на нови енергенси кои не испуштаат јаглероден диоксид. Трето, имплементација на паметен пазар на енергија, паметни мрежи и паметни потрошувачи, вклучувајќи напредни технологии во комуникација и управување, кои придонесуваат за повисок степен на енергетска ефикасност.

Со еден збор, концепт на сеопфатно планирање на енергетскиот развој на државата – објаснува универзитетскиот професор Горан Рафајловски од Факултетот за електротехнички и информациски технологии.

Прекрасна ЗЕЛЕНА ТЕМА на ФакултетиМк. ЛИНК за целосната статија.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search