Разрешена директорката која си ја вршеше работата – интервју со ана петровска

Со одлука на Владата, Ана Петровска, кадар на ДОМ, завчера беше разрешена и покрај позитивните резултати што Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ги постигна и исчекорот и храбрите постапки што таа ги иницираше додека беше на чело на таа институција. Образложението од Владата за ваквиот потег, дека се работи за работно место резервирано за кадри од ДОМ, поради што лидерката на партијата Маја Морачанин има право да ја смени, негативно одекна во јавноста.

– Дека сум „персона нон грата“ во партијата, станав свесна уште лани кога се преговараше за новата коалиција, бидејќи не бев подобна за кадар во Владата. И тогаш претседателката Морачанин на ист начин ми забележуваше за сработеното како и сега. Тоа се нејзини лични перцепции, кои добија поддршка од структури во партијата, но за жал и од Владата, инаку немаше да може да се реализира замислата јас да бидам сменета, без аргументација и без дебата. Ова, како и чистките во државните институции што сега се прават во однос на моите сопартијци кои се мои истомисленици, го доживувам емотивно бидејќи сметам дека тоа не смее да биде принцип на работа на една демократска влада.

Целосното интервју со Ана Петровска, довчерашен најуспешен директор на Државниот инспекторат за животна средина направено од новинарката Југослава Дуковска од Слободен Печат можете да го прочитате на следниот линк

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search