Задоцнета правда – случајот на Stinney

Тоа беше едно од најтажните поглавја во историјата на 20. век.
George Stinney џуниор е најмладиот човек осуден на смрт во САД. Имал само 14 години кога бил убиен на електричен стол во 1944 година.

За време на судењето, се до денот на погубувањето, тој секогаш ја носел Библијата во рацете, тврдејќи дека е невин. Тој беше обвинет за убиство на две бели девојчиња (11 и 7 години). Нивните тела биле пронајдени во близина на куќата во која живееле момчето и неговите родители.

Сите поротници биле бели лица. Судењето на момчето траело само 2 часа и тој бил осуден 10 минути подоцна. Родителите на момчето не биле примени во судницата за да бидат со дете кое било исплашено до смрт.

Пред егзекуцијата, George Stinney поминал 81 ден во затвор без да може да ги види своите родители. Бил изолиран на 80 милји од неговиот роден град. Не можел да види што се зборува за некого. Имал право да се брани – без присуство на родители и адвокат.

Тој бил егзекутиран со струен удар на главата од 5.380 волти.

Висок 150 сантиметри и 43 килограми, 14-годишниот George Stinney бил најмладиот човек осуден на смртна казна, пишува Daily Mail. Тој бил толку мал што морале да му стават книги на електричното столче за главата да достигне до електродата.

70 години подоцна, неговата невиност конечно ја докажа судија од Јужна Каролина. Девојките починале од струен удар и од греда што паднала на нивните глави. Деталите објаснуваат дека гредата тежела 9 килограми. И немало физички начин детето да ја подигне на таков начин и толку високо, а камоли да ги убие.

Стивен Кинг бил инспириран од овој случај да ја напише својата книга „Зелена милја”. Книгата е објавена во 1999 година. под истиот наслов.

Нека душата на ова момче почива во мир и светот нека не заборави кон што води омразата, разединувањето на луѓето, дискриминацијата по било кој основ и немањето пристап до правда.

Тоа не носи ништо добро освен лошо.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search