Што значи да „прегорите“? – Вurnout синдром

Вurnout синдром, уште познат како Синдром на работна исцрпеност или прегорување, претставува состојба на психичка и емоционална исцрпеност, проследена со длабок замор, намалување на концентрацијата и продуктивноста, како и чувство на неуспех. Се смета дека Синдромот на прегорување се јавува како резултат на психичката, физичката и емоционалната исцрпеност од  постојаната изложеност на хроничен стрес.

Брзиот начин на живот, стресното работно општество, постојаната трка со времето, незадоволството на работното место, нарушените социјални активности, можат да бидат предизвикувачи на интензивен прекумерен стрес, кој доколку не се делува за да се елиминира, може да доведе до таканаречениот Burnout.

Најчесто, лицата зафатени со оваа состојба се високо мотивирани, со преголеми стандарди, карактеризирани со нереална посветеност на работата. Мислат дека можат да завршат огромен број задачи иствремено и за краток временски период, да одговорат на секое барање на работното место, преземаат претерано тешки обврски, а доколку е потребно го запоставуваат и приватниот живот во име на работата, со што наложуваат огромен стрес на себе.  

Состојбата се карактеризира со промени на физичка и психичка основа. 

Физичките промени се манифестираат како постојан замор и исцрпеност, намалена енергија, проблеми со апетитот и спиењето, како и намален имунитет, што резултира со зголемена подложност на настинки и болести. 

Емотивните симптоми, пак, се согледуваат главно во променливото однесување на личноста, нејзината безволност и беспомошност, анксиозно и нерационално однесување, како и губење на балансот меѓу работата и приватниот живот. 

Состојбата на Вurnout, треба да се согледа како реакција на организмот кон преголемиот стрес, предупредувачки знак дека нешто не е во ред или ни недостасува, па соодветно кон тоа да се делува кон формирање на поквалитетен начин на живот. Во согласнот со ова, препораките од психолозите, упатуваат во насока на креирање на листа со обврски и приоритети, а со тоа и одвојување повеќе слободно време, кое би го исполниле со активности кои не исполнуваат и на тој начин обезбедуваат поголема присутност за самиот себе. 

Денешното општество, наложува брз начин на живот, намален сон, измачување со рокови и други работни обврски. Но, најважно е да застанеме и да направиме баланс помеѓу работата и приватноста, бидејќи само така ке бидеме навистина успешни.  

Автор: Ана Бошкова

* Изнесените ставови се мислења на авторот

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search