Погубни статистички податоци

Веќе трета година Македонија чекори кон негативен природен прираст. Податоците за 2019 и 2020та година се објавени од Државниот завод за статистика, а во очекување се податоците од пописот.

Според податоците во 2010 година имало 24296 ново родени, во 2015г. имало 23075 новородени, а во 2020г. 19031 новороден.

Додека во 2010 г. имало 19113 починати, во 2015г. 20461, а во 2020г. 25755 починат.

Во 2010 година имало 14155 склучени бракови, во 2015 г. 14186 склучени бракови, а во 2020 година 10278 склучени брака.

Бројот на лекари во 2010 година бил 2.7 на 1000 жители, во 2015 година бил тој број 2.9 на 1000 жители, додека во 2019 година бројот на лекари на 1000 жители е само 0.9, што значи нема ниту еден лекар на 1000 жители.

Бројот на ученици во основното образование во 2010 година бил 211.857, а бројот на ученици во основното образование во 2020г. е помал за 23000 или изнесува вкупно 188.350.

Бројот на туристи во 2015 година изнесувал 816.067, а во 2020г. само 467.514, од кои само 118.206 се странски туристи. Некои оваа бројка ќе ја правдаат со пандемијата, но други со неспособноста на номинираните лица кои требаше да допринесат за појака стратегија во кризен период.

Гледајќи ја оваа споредба на статистички факти и податоци, од минатонеделниот завршен попис не можеме да очекуваме попозитивни бројки макар ставиле и розеви наочари.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search