НЕДОСТИГАПОЛИТИЧКО ЛИДЕРСТВО, ЗНАЕЊЕ И КОНЦЕПТ ЗА ЗЕЛЕНИ ГРАДОВИ! ПОДКАСТ XYZ СО АЦЕ КОЦЕВСКИ

Кои се заканите по здравјето на луѓето и животната средина? Како градот Велес ја тужеше државата согласно уставното право за здрава животна средина? Како со НВО-ии Велес ја извојува Зелената Револуција? Дали сме на прав пат и дали навистина дествуваме за да изградиме зелени градови и зелено општество? Дали имаме политичко лидерство, знаење и концепт за хумани зелени општини? и уште многу пикантни теми и информации слушнете во подкастот со г-дин Аце Коцевски, поранешен градоначалник на Општина Велес во три мандати и поранешен пратеник.

Главна тема на разговорот е зачувувањето на животната средина и изградбата на зелена општина, во согласност со потребните трансформативни практики и препораките на Зелениот Договор на Европската Унија.

Во разговорот во подкастот со г-дин Коцевски можеме да ги слушнеме и конкретните информации како можеме сите да бидеме заштитници на животната средина, како да ја минимизираме загубата на ресурси и да го намалиме влијанието врз климатските промени. 

Преку искуство и вештини на нашиoт гостин, ќе истражиме како можеме да изградиме зелена општина како модел за одржлив развој и заштита на природата.

Со фокус на принципите на зелениот развој и со користење на најдобрите практики и иновации истражуваме начини за внесување на промените во локалните заедници, за да ги подготвиме општините за идните предизвици на одржливост и заштита. 

Водители на подкастот се: Димитар Андонов, Андреј Теов, Вики Влахчева и Стевче Дечев. 

Продуцент и техничко водство: Зоран Ставрев. 

Техничка реализација: Димитар Андонов. Асистент: Филип Спиров. 

Светло: Панче Спиров. 

Уредник: Стевче Дечев. 

Проект на Импакт Медиа – Импакт Нет Фондација на YouTube   https://www.youtube.com/@Impact-Media

На интернет страниците на Фондацијата и медиумските интернет страници ќе бидат објавувани стории за секој подкаст и одредени интервјуа со водителите и гостите 

www.impat-press.com 

www.green-press.com 

www.theimpactnet.com 

Објавите од YouTube и интернет страницата ќе бидат објавувани и на социјалните канали во целосна верзија и исечоци од најбитни делови на 

Facebook Fondacija Impact Net  https://www.facebook.com/impactnetfoundation

GREEN PRESS 

https://www.facebook.com/greenpresscom

IMPACT MEDIA 

https://www.facebook.com/greenpresscom

INSTAGRAM – Green Press 

https://www.instagram.com/greenpress.media/

Impact Media 

https://www.instagram.com/impactnet.media/

TikTok – Impact Media 

https://www.tiktok.com/@impactnetmedia

Импакт Медиа – Импакт Нет Фондација на YouTube https://www.youtube.com/@Impact-Media

Снимено во: Вардар Иновативен Хаб, Велес. 

„Оваа видео е произведено со поддршка на Европската Комисија. Неговата содржина е единствена одговорност на Фондацијата Импакт Нет и не мора да ги одразува гледиштата на Европската Комисија“.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search