Најлудиот трансфер преоден рок

Летниот трансфер преоден рок во фудбал во сезоната 2021/2022 сигурно ќе биде запаметен како еден од најневеројатните трансфер периоди во историјата. Уште на почетокот почна жестоко со трансфери на играчи кои не го продолжија својот договор со претходниот клуб и заминаа во нов:

1. Вајналдум во ПСЖ

2. Мемфис Депај во Барселона

3. Ерик Гарсија во Барселона

4. Чаканолглу во Интер

5. Давид Алаба Реал Мадрид

Кога се чинеше дека трансфер пазарот се смири одекна бомбата дека Џајлуџи Донарума коко слободен играч заминува за ПСЖ. Големо беше разочарувањето на фановите на Милан затоа што нивниот голман и еден од најдобрите играчи на клубот ќе го напушти за побогата понуда од францускиот клуб.

Потоа се случи еден од најшокантните трансфери во историјата на фудбалот. Лионел Меси како слободен играч замина во ПСЖ. Барселона поради финансиски проблеми не успеа да го продолжи договорот на Меси па мораше да го пушти да замине. Фановите на Барселона не можат да се помират со фактот дека Меси по 18 сезони поминати во клубот управата дозволи да замине како слободен играч. Така заврши ерата на еден од најдобрите играчи во светот во Барселона.

Фудбалскиот свет остана во шок по ова ненадејно заминување на Меси поради фактот што сите очекуваа да ја заврши кариерата во Барселона. Потоа следуваа најскапите трансфери на играчи и сите ги направија клубови од Премиер Лига:

1. Џек Грилиш за 117 милиони евра во Манчестер Сити

2. Ромелу Лукаку за 115 милиони евра во Челзи

3. Санчо за 85 милиони евра во Манчестер Јунајтед

Особено изненадување преставуваше камбекот на Лукаку во Челзи од каде што претходно не беше многу ценет поради слабите игри, па беше отстапуван, а на крајот и продаден. Но судбината одлучи повторно Лукаку да се врати во Челзи за да ги демантира фановите дека не се работи за мрзлив и неталентиран играч.

Пред крајот на трансфер преодниот рок одекна уште една бомба со трансфер на Кристијано Ронао во Мачнестер Јунајтед. Враќањето на Кристијано Роналдо во „Црвенте Ѓаволи” беше уште една шоканта вест особено поради фактот што речиси беше договорен неговиот трансфер во Манчестер Сити но градскиот ривал имал попримамлива понуда и изиграл на емпатија па успеа да го врати во клубот.

После трансферот на Кристијано Роналдо Манчестер Јунајтед се очекува да биде сериозен конкурент за титулата во Премиер Лигата.

Б.Н.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search