Едитирање на гените – најнова иновација во генетиката

Ако сте љубители на науката и медицината, сигурно имате слушнато за таканареченото „едитирање” на гените кај човекот преку новата CRISPR технологија. Таа е една од најновите иновации во областа на генетиката која е спремна да го промени светот и да и отвори нови врати на генетиката.

CRISPR технологијата е молекуларна алатка за промена на генетскиот код, еден вид „молекуларни ножички”.

Оваа  промена може да биде корекција на некоја генетска мутација, вметнување на нови гени во геномот или пак елиминација на некој ген. CRISPR технологијата може да се користи и за проучување на гените потребни за размножување на ракот. Доколку научниците откријат од што зависи брзото размножување на заболените клетки, ќе има можности за подобри и поефикасни третмани кај заболените.

Емануел Шарпентие и Џенифер Дудна се успешни научници и едни од главните во откривањето на CRISPR технологијата. „CRISPR“ порано било само кратенка за Clustered Regularly Interspaced Short Palindromic Repeats на генетски информации што некои бактериски видови ги користат како дел од антивирусен механизам. Со доделувањето на Нобелова награда за хемија во 2020 година е потврдено значењето на оваа технологија.

Според неколку лабараториски истражувања, се утврдило дека CRISPR технологијата дава поголема ефикасност при ултразвук терапиите за третирање тумор од канцер. Многу научници сметаат дека оваа алатка за уредување гени е надеж за подобар свет, таа направи револуција во медицината и наскоро може да направи уште поголеми промени, овозможувајќи нови медицински откритија. 

Сепак, како и секоја нова технологија, и оваа има неколку маани. CRISPR технологијата е ефикасна кога доаѓа до модификација на клетки во лабараториски услови, но не е толку ефикасна при модификација на човечки клетки во самиот орган. Ова е големо ограничување бидејќи повеќето човечки клетки не можат да бидат лесно изолирани, модифицирани и трансплатирани. Исто така, наидува и на критики од етички аспекти доколку се работи за модификација на гени на ембрион од родител.

Многу приватни компании и академски институции ја гледаат иднината токму во оваа технологија. Тие се трудат да ја усовршат и да ги намалат несаканите дејства, зголемувајќи ја нејзината ефикасност.

Автор: Александра Чатмова

* Изнесените мислења се ставови на авторот

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search