Донирани над 1000 компутери, а не се политичари

Преку иницијативата Донирај Компутер на Facebook предводена од Борче Стамов, Милачески Дејан и Зике Коцев се успеа да се обезбеди донација на 1003 компутери со 0 денари потрошени пари од буџет.

Иако не се политичари кои само за снимање би направиле хуманитарна активност овие ентузијасти со широка поддршка од донатори поединци и фирми кои ја поддржаа нивната иницијатива на Facebook ова го направија пред се со цел да помогнат на низа млади за да имаат свој прв компутер и да бидат дел од online наставата која не можеа да си ја дозволат.

Во благодарност на Facebook Борче ќе напише: „Денес сакам да им оддадам признание на сите кои беа со нас изминативе години. На сите кои во нашата авантура се вклучија макар со едно шравче, па макар и со едно споделување. “

Борче упати и јавна благодарност до сите донатори и поддржувачи истакнувајќи дека тие му биле поттик да не се застане со оваа хумана иницијатива. Истакнувајќи дека иницијативата што ја статруваа на Facebook е народна иницијатива за да послужи на народот и на младите за да имаат поквалитетно и дигитално образование.

Иницијативата Донирај Компутер во изминатиот период беше призната и одликувана со посебни благодарници и признанија од повеќе организации и беше добитник на награди за филантропија и нај кампања, а од Делегацијата на ЕУ е добиена посебна награда за солидарност – Европјанин на годината.

Како отчетност во оваа повеќе од иницијатива хуманитарна акција од Донирај Компутер информираат дека имаат добиено 1500 половни компутери, од кои стотина биле неискористливи, додека од останатите 1400 се склопени вкупно 1003 компутери.

Ако за сето тоа се пресмета работна рака тогаш излегува дека тие имаат донирано 840.000 денари само во тој дел, на што би се додале трошоците за инсталација на софтвер кои би биле повеќе од 600.000 денари и згора на се ако се пресмета дека просечна пазарна цена на еден компутер би била 6000 денари, се добива сума од повеќе од 7 милиони денари. Но за разлика од нашите политичари тие не потрошија ниту нула денари, се што вложија беа нивниот ентузијазам и волонтерски хуман гест да се помогне.

Браво за Борче и екипата, браво за овој вид на хуманитарни иницијативи. Секогаш се може многу повеќе кога се дејствува од срце.

За секој што дополнително сака да ја поддржи иницијативата Донирај Компутер може слободно да ги контактира преку ЛИНКОТ.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search