Бебето од Насловната на Нирвана Nevermind порасна и тужи за порнографија

Бебето ( Спенсер Елден ) од насловната страница на Нирвана за „Nevermind“ порасна и тужи за детска порнографија. Тоа е лекција за денешните родители.

Како би се чувствувале доколку вашата гола слика од бебе заврши во десетици милиони американски домови?

Тоа се случи со Спенсер Елден, кој беше фотографиран како новороденче за насловната страница на блокбастерот на Нирвана во 1991 година „Nevermind“ кој сега ги тужи бендот и фотографот со образложение дека сликата е детска порнографија.

Тужбата можеби изгледа како циничен обид за прибирање пари но тоа е значајно прашање за современите родители. Дали треба да се воздржуваме од поставување јавно на слики од деца кои се премногу мали за да знаат што е јавноста? Одговорот е ДА. Треба да се биде доста внимателен посебно кога се работи за слики со деца за истите да не завршат на пазарот за детска порнографија.

Многу луѓе мислат дека можат да го контролираат она што го поставуваат на Фејсбук и Инстаграм. Но реално социјалните страници се медиум преку кој се што ќе се објави е јавно споделување.

Годината кога Елден беше фотографирана за насловната страница „Nevermind“, родителите немаа способност да ги дефинираат овие прашања што значи online достапност, а тогаш 7-годишниот Марк Закерберг – основачот на Facebook сигурно не размислувал за овие прашања. Но веруваме дека и тогаш постоела заканата слики со голи деца да завршат во погрешни раце или потребата од претпазливост на пласирање на детските содржини во медиумите и пред јавноста.

Освен ако не бевте Деми Мур, која и во тоа време позирала гола и бремена за насловната страница на Vanity Fair во август 1991 година и која информираше детали од бременоста и раниот живот на детето.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search