Зелениот активист дејан димитровски од гази баба со граѓанска листа

Добро познатиот зелен активист и советник во Општина Гази Баба, Дејан Димитровски на престојните локални избори ќе биде носител на Зелена Граѓанска листа.

Оваа вест први ја објавија FB страницата: Ѕид на Општина Гази Баба, а за истата информација информираше и зелениот соборец и добро познат главен инспектор Мирослав Богдановски.

Дејан Димитровски е добро познат во Скопје, а посебно во Општина Гази баба како несопирлив борец кога се работи за зеленото. Овојпат веруваме дека достојно ќе продолжи да ги брани зелените и граѓански интереси во Советот на Општина Гази Баба.

Дознаваме дека откако Дејан Димитровски на својот фејсбук ја сподели објавата: Повик за независна листа „Зелените од Гази Баба“ на истата се имаат пријавено повеќе од стотина кандидати кои сакаат да бидат дел од оваа Зелена Граѓанска листа. За сите останати кои сакате да се пријавите за истата листа или истата да ја поддржите можете да ја пронајдете на ЛИНКОТ.

Ова е уште една потврда дека на граѓаните се повеќе им стануваат симпатични граѓанските листи отколку партиските.

https://fb.watch/7m05Tzj2e_/https://fb.watch/7m05Tzj2e_/

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search