ЗагадувањаТА се множат ИНСПЕКТОРАТОТ СО ПРЕВЕЗ НА ОЧИ

На социјалните мрежи секојдневно се зголемува бројот на пријави и објави од граѓани и организации за одредени загадувања на животната средина. Излевање на крв или црвена хемикалија во Бабуна, излевање на Јаловина во Пробиштип, излевање на отпадни води во Вардар во Железара итн. Инспектори од Државниот инспекторат за животна средина известуваат за извршени инспекциски надзори на некои од посочените места, но изгледа секогаш нивната реакција е задоцнета или некој таму замижува за да не ја види реалноста и со превез на очи дава извештаи како да ништо не биле, како да се е во ред!

Навикнавме на транспарентност и секојдневни информации од страна на претходната директорка на Државниот инспекторат Ана Петровска, навикнавме на казни за загадувачите и брза транспарентна информација и постапка но со доаѓањето на новиот в.д директор на профилот на Facebook на инспекторатот за животна средина деноноќно читаме за разно разни објави но ниту трага ниту глас од констатирање на реалните состојби.

Од Велес на 18ти август информираа за излевање на крв или црвена течност во Бабуна (погледни го видеото за тоа), за од Државниот инспекторат за животна средина да извршат инспекциски надзор дури 5 дена подоцна и на 23ти август да констатираат дека нема загадување и дека водата е чиста.

Богами да отидеа по 10 дена од објавената снимка за загадување и видливо излевање на обоена течност, крв или хемикалија можеби инспекторите ќе констатираа дека водата може и да се пие.

Од Пробиштип на 25ти август информираа за излевање на јаловина, од Државниот инспекторат за животна средина сеуште се очекува да излезе на терен.

излевање на јаловина – пробиштипско

Во Аеродрром на 24ти август е пријавена голема миризба од отпадните води во Вардар кај мостот Близнак во Аеродром, комплекс Железара, но и по вонредниот инспекциски надзор не е констатирано ниту обојување на водата ниту некаква миризба.

Прашуваме да не случајно инспекторите кога одат на надзор имаат штипка на носот или превез на очите!?

Дали Државниот инспекторат за животна средина со новото раководство постана медиумска агенција и PR за објава на разно разни содржини како: Запознајте ги лилјаците или низа реобјавувања на написи од Министерството за животна средина и Владата за на крај дури и да се заблагодарува за дури 3900 следбеници.

Ало инспекторат: а да си ја вршевте работата како што треба!

Стевче Дечев

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search