Заеднички заложби за зелена и просперитетна општина

Фондацијата Импакт Нет во среда (25ти) јануари со почеток во 10:30 часот во Општина Велес ја организира ТРИБИНАТА
„Програма и активности за животната средина и наши заеднички заложби за трансформативни практики кон зелена и просперитетна општина”.

На трибината со свој говор и учество се поканети да земат:

Стевче Дечев – претседател на Фондација Импакт Нет и координатор на проектот Зелена мапа за зелена заедница.

  • 4 младинци од четирите средни училишта во Велес „Нашиот глас за зелена и просперитетна општина„

Градоначалник на Општина Велес, г-дин Марко Колев

Министер за животна средина и просторно планирање, г-дин Насер Нуредини

Пратеникот во републичко собрание од политичка партија СДСМ, г-ѓа Даниела Стојановска Пановска.

Пратеникот во републичко собрание од политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Игор Здравковски.

Пратеникот во републичкото собрание од политичка партија СДСМ, г-дин Др. Ненад Коциќ.

Координаторот на советничка група во Совет на Општина Велес, од политичка партија ЛЕВИЦА, г-дин Димитар Абрашев

Советникот во Совет на Општина Велес, од политичка партија ДУИ, г-дин Невзат Муаремовски.

Координаторот на советничка група во Совет на Општина Велес, од политичка партија СДСМ, г-дин Кирил Гајдов

Координаторот на советничка група во Совет на Општина Велес од политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Елизабета Митревска Анѓелеска.

Раководителот на Одделението за животна средина при Општина Велес, г-дин Петре Цилаков.

г-ѓа Лилјана Поповска, граѓански зелен активист од Зелен Институт и поранешен пратеник

г-дин Аце Коцевски, поранешен Градоначалник на Општина Велес

г-дин Дејан Димитровски, граѓански зелен активист и поранешен советник во Општина Гази Баба.

Г-ѓа Сашка Коцевска од ЗГ – Вила Зора Велес.

г-дин Зоран Јаневски од Велес Biking и директор Спортски центар 25ти Мај.

г-дин Анѓелче Гушев, од Извиднички одред Димитар Влахов.

г-ѓа Убавка Јаневска, Фондација Фокус.

г-дин Тодорче Ѓорѓиев, ЗГ КПС Азот.

Мобилизаторите на заедницата Стефан Атанасовски Трајковиќ и Благој Ѓорѓиевски, со Извештај за мониторингот од програмата за изборни реформи кон програмата за Животна средина на Општина Велес.

И обраќање на креаторите на дигиталните апликации Иван Трифунов – дигитални иновации за придонес кон зелена трансформација на заедницата.
Овој собир и оваа теибина веруваме ќе ги поттикнат заедничките заложби кон градење на можностите за што побрза трансформација на општинат кон зелена и општина и фраѓани кои ги зачувуваат животната средина и дејствуват за просперитет.

*Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот. #CHinMK

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search