Усвоена Стратегија за Климатска Акција

На последната 103-та седница Владата ја усвои Информацијата за донесување на Долгорочна стратегија за климатска акција со Акциски план со која се дефинира придонесот на Северна Македонија во глобалните напори, преку патот кон зелен, ниско јаглероден и климатски отпорен развој, заснован на најдобрите достапни информации и во контекст на пристапувањето на земјата во ЕУ.

Согласно Парискиот договор, донесувањето на јасна Долгорочна стратегија за климатска акција со Акциски план е чекор кон постигнување на целта за ограничување на глобалното зголемување на температурата за 1,5-2ºС со нула емисии на стакленички гасови до средината на 21-от век. 

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search