Укинување на Заменик Министерските места и заштеда од 1,5 мил. Евра!

Новиот состав на Владата доколку се случи или не оставка на Премиерот за да испорача мноштво приоритетни реформи треба да започне од реформирање на својот состав во поглед на укинување на Заменик министерските позиции и заштеда на 1,5 милиони евра.
Владата го усвои Буџетот за 2022 година, но во Собранието тек ќе следи расправа за истиот. Оваа реформативна мерка за укинување на несуштинскиот дел во Владата треба да биде еден од основните чекори од кои реформите треба да започнат доколку се сака да се испорача видлива решителност Владата да работи во интерес на граѓаните.
Имено во Уставот на Македонија во членот 89 се вели: „Владата ја сочинуваат претседател и министри“ со што се потврдува дека Заменик министрите се неприроден, неуставен, несуштински и незначителен дел во Владата или само накалемени плус позиции за политичко пазарење без суштински овластувања. Или онаму каде им се доверени одредени овластувања на Заменик министрите, тие се овластувања кои без пречка би можеле да ги извршуваат Државните секретари во министерствата или овластувања на замениците кои не играат никаква суштинска улога (како потпишување патни налози или решенија за кредити), а назначените трошат огромен дел на средства од буџетот.
Во Законот за раководење со органите на државната управа и нивните меѓусебни односи единствено во еден член се спомнува за заменик министрите каде се вели: „Со работата на министерството раководи министер. Собранието на Република Македонија именува и разрешува заменик на министерот на соодветното министерство на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија. Заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето. Заменикот во соработка со министерот врши работи од надлежност на министерот што тој ќе му ги довери.
Владата на Република Северна Македонија функционира со 16 министерства во чии состав има 16 заменици, кои имаат право на шофер, на секретар и советници, право на кабинет, на службено возило, на службен телефон и дополнителен буџет за активности. Во просек месечниот буџет за Заменик министрите изнесува од 5000 до 10.000 евра минимум. Со што на годишно ниво укинувањето на оваа несуштинска позиција би овозможила заштеда од близу 1,5 милиони евра народни пари.