Туризмот банкротира, директорот Јаневски во трка за градоначалник

Туристичкиот сектор е пред банкрот. Низа луѓе како последица на пандемијата останаа без работа. Низа ресторани и хотели се затворени поради 70% намалување на обемот на работа и неможноста да ги покријат основните трошоци за функционирање, а камоли за профит.

И кога овој сектор, кој директно и индиректно вработува близу 50.000 луѓе се соочува со катаклизма наместо да наиде на целосна поддршка и разбирање за состојбите со кои се соочува и деноноќно да се бараат начини како дополнително да се поддржи, главниот кормилар на бродот, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски решава да влезе во политичка трка за градоначалник на Ѓорче Петров.

Со ваквата постапка директорот дополнително сака изгледа туристичкиот сектор да биде Титаник и целосно да потоне, ако се знае дека за учество во кампања тој како прво одговорен во процесите ќе треба да биде отсутен скоро 2 месеца во период кој е доста тежок за целиот туристички сектор.

За директорот на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски веќе два пати имаше иницијатива за разрешување од туристичките работници. На неодамнешно ТВ интервју дојде и до кулминација во соочување на директорот со претставници од Стопанската комора и туристичките работници.

Јаневски туристичките работници ги убедуваше дека се во профит со статистика и бројки кои никој не ги видел, на што доби жестоки реакции дека хотели и ресторани не се водат со 2 месеца работење, а 10 месеца затворени објекти. Како и тоа дека Агенцијата под водство на Јаневски нема никаква координација и програма за поддршка на туристичкиот сектор.

И кога пред Владата треба да се креираат предлог соодветни мерки, Јаневски како прво задолжен наместо да биде прво борец кој ќе работи за доброто на туристичкиот сектор решава да влезе во политичка трка за градоначалник како дел од коалицијата Магла на ДОМ и ЛДП кои како политички партии тврдат дека се граѓански движења, ветувајќи паркови, велосипедски патеки и зелени општини со „ОДДЕЖЛИВ“ развој.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search