Со ваква железница тешко до ЕУ! Се запали локомотива во Велес

Се запали локомотива од патничкиот воз од Гевгелија, утрово близу Велес.  Поради инцидентот, во кој интервенирала противпожарната единица, железничкиов сообраќај беше  неколку часови во прекин.

Од чадат помош од Итната помош побарал машиновозачот,  кој бил пренесен на Интерното одделение од велешка Болница и каде му е дадена неопходната помош, и е пуштен на домашно лекување. 

Под мотото „Иднината е во железницата“, минатата недела на Железничката станица во Скопје пристигна Европскиот воз пред да го продолжи  патот кон Атина. Го пречекаа дипломати предводени од евроамбасадорот Дејвид Гир и политичари. Официјален домаќин на настанот бешее директорот на ЈП Македонски железници – Инфраструктура Хари Локвенец.

Европската Унија ја одбележува 2021 како „Година на железницата“. За време на 36-дневното патување низ 26 земји, низ разни манифестации железничкиот сообраќај се промовира како еден од најодржливите, најбезбедни и иновативни начини на транспорт.

Но изгледа очајната состојба на железницата кај нас само ја доловува сликата за состојбата на нашите подвизи и заложби за да бидеме дел од ЕУ.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search