Со дигитални иновации кон просперитетни општини

Фондацијата Импакт Нет предложи иновативни дигитални решенија – Мобилна апликација Green Map и интернет дата база на зелени податоци, кои наскоро ќе бидат презентирани пред јавноста и тие ќе бидат дигитални алатки преку кои ќе се поттикне заедницата во нивно активно користење.

Со мал придонес кон заштитата на животната средина преку иновативни решенија кон голем поттик во поттрага и дизајнирање кон нови уште поголеми дигитални решенија но и конкретни активности кои ќе бидат реализирани согласно политичките ветувања на локалните и националните учесници во властите и институциите.

Зошто дигитални решенија?

Затоа што тоа веќе е одлика на новото време во кое живееме, а преку нив ќе собираме податоци кои ќе ни помогнат во мапирање на квалитетот и квантитетот на зеленилото, велосипедските патеки, собирањето и преработката на отпад, јавниот транспорт и слично.

Бројките ќе сведочат за одредени потреби, приоритети, а со тоа полесно ќе имаме преглед и мониторинг на успешноста за дадените ветувања на политичките субјекти, вели Иван Трифунов кој е ангажиран од Фондацијата Импакт Нет за изведувач на мобилната апликација Зелена Мапа со четири модули.

Во мапирањето на дрвјата и површини каде може да се посадат дрвја се вклучија повеќе од 70 млади волонтери од четирите средни училишта во Велес и Младинскиот центар.

Велес може да прерасне во добар пример на трансформативна заедница кон зелена и општина која треба да го зачува приматот дека ја извојувала Еколошката Револуција!

Mобилизирањето на заедницата во креирање но и користење на дигитални иновации ќе допринесе за собирање на податоци, но и потврда што е потребно да се направи и каков е квалитетот на сето тоа што се прави или што не се прави.

*Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот. #CHinMK

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search