Случајот со пилата или пуштање пилотки со лажни вести

Македонија и во светот, а посебно со изборите за Претседател во САД постана место препознатлива за креирање лажни вести. Исто така во низа извештаи нашата држава важи за број еден држава каде луѓето најмногу наседнуваат на лажни вести.

Во креирањето и споделувањето на лажни вести скоро и да нема случајност. Некогаш тоа е посебноо нарачана информација и вест за да омаловажи одредена личност или институција. Но некогаш и од политичките кујни тенденциозно се креираат оваков вид на информации за да се привлече внимание без да се согледаат последиците.

Најновиот случај за креирање на лажна вест кој предизвика лавина реакции во медиумите беше случајот со наводно украдената пила на австриските пожарникари. Во овој случај дури и советник во општина Ѓорче Петров и член на ИО на партијата ДОМ на својот профил на фејсбук сподели дополнително алармирање:

Б.П напиша: „Според информациите од порталите на пожарникарите од Австрија кои земаа годишен одмор за да ни ги гасат пожарите им е украдена моторна пила и пумпа. Европа е далеку од нас другари, има да чекаме во редот на други држави уште 1000 години.“

На оваа лажна информација Дирекцијата за заштита и спасување упати јавен демант во кој се вели: „Дирекцијата за заштита и спасување ги демантира лажните вести и објавата на Бојан Петровски на неговиот фејсбук профил за наводно украдена пила од австриските пожарникари.“

Не случајно нашиот народ рекол „два пати мери еднаш сечи“ или во случајот со лажните информации се вели „два пати провери, еднаш поверувај“.

Овој случај е само еден мал пример од канонадата на лажни информации кои тенденциозно се споделуваат на нашите медиуми без да се проверат фактите.

Во случајот со наводно украдената пила за да не одговара пред институциите лицето Б.П. мораше јавно да се извини пишувајќи: „Дури и јас наседнав на непроверена информација многумина што рекоа дека е вистина во лавинава од вести, иако барав потврда за информацијата и беше потврдена дека е вистина, а сепак не била. Пилата била загубена или зафрлена како што велат за време на пожарите. Дечки што биле таму велат дека не се случил инцидент. Важно пожарор е изгасен, опремата е пронајдена, нема жртви. Се извинувам за грешката.“

Но според напишаното се гледа дека повторно со половична уста е само обид за изговор. Да се надеваме дека оваков вид на лажни информации нема да се повторат, посебно не кога доаѓаат од лица кои претендираат да бидат и понатаму во политика.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search