Школската година започна, а училиштето Коле Неделковски сеуште се реновира

Веќе втор ден како новата училишна година е започната, а Средното училиште Коле Неделковски во Велес сеуште се реновира. Во период на пандемија кога училиштата требаше да применат посебни мерки и протокли за хигена и заштита во ова училиште не постојат ниту елементарните услови за изведување на истата.

Училниците се целосно прекриени во прашина, како и дел од ново набавениот мебел и завеси. Ангажираните мајстори сеуште извршуваат технички реализации на подот и ѕидовите, а на лицата задолжени за хигена ќе им биде потребно уште недела дена за да целосно ги исчистат училниците и истите да бидат спремни за настава.

Зошто се пропушти периодот на летниот распуст и реновирањето не се изврши кога учениците не се во училиште? Е главното прашање кое се поставува до директорката и надлежните за овој пропуст.

Ако е познато дека Ковид-19 предизвикува најчесто проблеми со дишните патишта, сега прашината од реновирањето која сигурно ќе треба долго време да биде отстранета од училниците дополнително ќе го загрози здравјето на учениците и професорите.

Што е со пропуштената настава? Наместо училиштата да бидат спремни за настава, учениците ќе треба со дополнителни денови да одработуваат за она што ќе го пропуштат не по нивна вина.

Низа професори од училиштето коментираат дека овој вид на пропуст до сега се нема случено. Но најголемиот притисок останува да падне на вработените во делот задолжен за хигена кои ќе треба деноноќно да чистат за да се обезбедат минимални услови за настава.

Состојбата со реновирање не е единствена во Средното учлиште Коле Неделковски од Велес. И во други градови се случуваат овој вид на недозволиви пропусти. Покрај летниот распуст училиштата беа празни и за време кога учениците имаа настава онлајн. Овде станува збор само за погрешно менаџирање на процесите за кои треба да се има одговорност.

Но изгледа наместо одговорност низа лица преминаа кон промоција на реновирањето како успешен чекор. Но успешен ќе беше доколку навремено беше реализирана таа акција која во овој случај како товар ќе падне на грбот на учениците и на лицата за хигена.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search