Рама до Радев: Отворете го патот

Албанскиот премиер Еди Рама на Бледскиот стратешки форум му се обрати на бугарскиот претседател Румен Радев и му порача да не бидат толку Европејци, туку да бидат малку Балканци и да го отворат патот за преговори.

– Сакам да ја искористам приликата и да го прашам претседателот на Бугарија, ве молам, вие Бугарите, немојте да бидете толку Европејци, бидете малку Балканци. Отворете го патот. Што се обидувате да спасите таму?

Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да разговараме со нив, а вие можете да бидете цело време на патот и да кажувате не – блокираме овде, блокираме таму. Но, отворете го патот“, му рече Рама на Радев.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search