Прогласување на Малешево за Заштитен Предел

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Македонсктоо еколошко друштво (МЕД), Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и општините Берово и Пехчево започнуваат со кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел.

Целта на кампањата е да се информира и запознае јавноста за тоа што претставува „заштитено подрачје“, како може да се зачуваат природните вредности и воедно да се обезбедат економски придобивки од заштитените подрачја. Јавната расправа што ќе се организира ќе овозможи и активно вклучување на јавноста во процесот на прогласување на Малешево за заштитен предел. Кампањата ќе трае во следните 10 дена, а ќе опфати промоција на видеа, илустрации и други промотивни содржини.

Што го прави Малешево посебно?

Низ многу години, бројни генерации препознавале голема вредност во природата на Малешево. Но, првите посериозни истражувања потекнуваат од 1978 година. По бројни студии и многу работа токму оваа година Малешево е предложено да стане заштитено подрачје во категорија V- заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности и природни убавини. Малешево навистина го заслужи тоа!

Регионот Малешево, што ги опфаќа општините Берово и Пехчево, претставува целина која се истакнува со своето природно и културно богатство, каде што управувањето со шумите е долгогодишна традиција.

Малешевијата е област во која природата истурила едно чудо убавини, природни богатства од кои застанува здивот. Борови, дабови и букови шуми, чисти реки, разновидност од цвеќиња и лековити чаеви, мноубројни животински видови, традиции, храна. Малешево навистина ги исполни сите услови за да стане заштитено подрачје! Кампањата е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје. Кампањата е поддржана и од општините Берово и Пехчево. Слоган на Кампањата е: Да го зачуваме Малешево за идните генерации!

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search