Проекција за парламентарни изборНИ РЕЗУЛТАТИ

Доколку резултатите од изборот на совети во општините од одржаните локални избори се преточи во 6те изборни единици, распоредот на 120те мандати во републичкото Собрание би бил според следниот редослед:

Коалицијата на ЛДП и ДОМ не би го поминала прагот и согласно освоените гласови во општините не би освоила ниту еден пратенички мандат. Двете партии заедно во изборната единица (ИЕ) 1 имаат 4285 гласа, во ИЕ 2 имаат 4227, во ИЕ 3 имаат 4809 гласа, во ИЕ 4 имаат 7177 гласа, во ИЕ 5 4488 и во изборната единица 6 имаат само 991 глас. Двете партии заедно предводени од Маја Морачанин и Горан Милевски имаат помал изборен резултат за 15.000 гласа од најдоброто издание на ДОМ и ЛДП кога биле предводени од Лилјана Поповска и Јово Манасијевски и кога имаа 4 пратенички места во Собранието.

Доколку освоените 121.232 гласови на Демократската Унија за Интеграција од локалните избори се преточат во гласови распределени низ шесте изборни единици, ДУИ би имале 19 пратенички места или 3 пратеника во ИЕ1, 4 пратеника во ИЕ 2, 5 пратеника во ИЕ5 и 7 пратеника во ИЕ6. Тие најмногу освоени гласови имаат во 6та изборна единица или вкупно 41546, а најмалку во 4та ИЕ или само 1499.

Алијанса на Албанците – АА со 62.892 освоени гласа распределени по општините во 6те изборни единици би добиле вкупно 9 пратенички места или 1 пратеник во ИЕ1, 2 пратеника во ИЕ2, 2 пратеника во ИЕ5 и 4 пратеника во ИЕ6.

ВМРО-ДПМНЕ од освоените гласови на локалните избори во ИЕ 1 би освоиле 7 пратенички места, во ИЕ 2 исто така 7 пратенички места, во ИЕ 3 и ИЕ 4 би биле најдобри со по 10 освоени пратенички места, во ИЕ 5 би имале 7 пратенички места и во ИЕ 6 само 3 пратенички места. Или вкупно тие би имале 44 пратеника во републичкото Собрание. Но според бројот на освоени гласови ова е еден од наслабите постигнати резултати за ВМРО-ДПМНЕ кои на локалните избори имаат 297.493 гласа.

Согласно освоените 8196 гласа распределени низ 6те ИЕ партијата ДПА не би освоила ниту едно пратеничко место.

СДСМ во ИЕ 1 согласно освоените гласови би имале 6 пратенички места, во ИЕ 2 би имале 5 пратеника, во 3та и 4та ИЕ би имале 8 пратеника, во 5та ИЕ 5 пратеника и во ИЕ 6 само 2 пратеника. Или вкупно во рамките на Собранието тие би имале 34 пратенички мандати.

Доколку освоените 50.700 гласа на ЛЕВИЦА се распределат низ 6те изборни единици, оваа партија би имала вкупно 5 пратенички места. Или 2 пратеника во ИЕ 1 и по еден пратеник во ИЕ 2,3,4.

Партијата БЕСА со освоени 26.483 гласа од локалните избори, распределени по општините во шесте изборни единици би имале само 3 пратеника и тоа во ИЕ6.

Партијата ИНТЕГРА бележи пад и согласно освоените гласови на локалните избори не би имале пратеник во Собранието.

Доколку ЗЕЛЕНИТЕ и Граѓанските Листи настапат обединето во еден субјект наместо како до сега расцепкано согласно освоените приближно 47.000 (четириесет и седум илјади) гласа би освоиле 5 пратенички места и тоа во ИЕ 1, 3, 4, 5 и 6. Овој тренд покажува дека граѓаните се изморени од само партиските листи и зголемениот број на Граѓански и Зелени листи би довел до формирање на ЗЕЛЕН ГРАЃАНСКИ БРАН и во Македонија.

Останатите помали партии согласно освоените гласови не би имале ниту приближна можност за пратенички мандат. Но 1 пратеник во ИЕ2 би бил избран од членовите на СДСМ во Куманово кои на локалните избори дадоа поддршка за кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски и листата која беше издвоена од партијата, но кои членови сигурно за парламентарните избори би гласале обединето со матичната партија со што СДСМ би имал вкупно 35 мандати.

Од овие избори можеме да увидиме дека излезеноста е само 51.44% и дека поделбата на финансии за финансирање на кампањите на партиите или граѓанските листи е дискриминирачки за помалите субјекти и учесници и не дозволува промена на црно белата слика. Исто така е висок и бројот на неважечки ливчиња и изнесува 48.828. Со ова се потврдува дека потребно е итно да се изврши промена на изборниот модел на гласање и Македонија да биде 1 изборна единица со отворени листи за гласање со цел да се гласа за квалитетни личности, а не само за листи креирани од партиските раководства кои не ги отсликуваат потребите на граѓаните од општините.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search