Престижна награда за словенија за најчиста држава на светот

Со 60% од територијата покриена со шуми, Словенија доби меѓународно признание за екологија и одржливост. Оваа држава доби најмногу поени во сите категории и со тоа ја заслужи оваа престижна титула.

Словенија како држава ја градеше својата државност заедно со Македонија и останатите републики во рамките на Југославија. Но одговорноста при транзицијата и одговорноста за визија за поквалитетен живот и подобар стандард на граѓаните овозможи оваа држава да отиде светлосни години пред нас и останатите републики.

Не дека и таму нема структури кои оваа држава повторно сакаат да ја вратат во некои стари и мрачни сценарија, борбата и таму постои но одлучноста на луѓето да живеат во позелена, поуспешна држава е поголема од оние кои сакаат да наметнат стагнација.

Во рамките на оваа престижна награда утврдено е дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори за одржливост, а меѓу задоволените индикатори се грижата за животната средина и климатските промени, биодиверзитетот, културната автентичност.

Инаку, во 2016 година, Љубљана ја понесе титулата за најзелен град во Европа. Со рециклирање на отпадот, таа е на трето место на листата 10 земји на ОЕЦД со најмногу рециклиран отпад, со воведување на јавни велосипеди, автобуси што користат природен гас и забрана за возење на автомобили во центрите на поголемите градови, успеа да ја намали емисијата на штетни гасови.

Според податоците, во Словенија има 20.000 видови животни и растенија кои непречено живеат во 40 национални паркови и резервати.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search