Партиите го блокираа учеството на независните листи на изборите

ПАРТИИТЕ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА ГО БЛОКИРАА УЧЕСТВОТО НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ НА СИТЕ НАРЕДНИ
На подмолен начин, без консултации и јавна расправа, по скратена постапка и спротивно на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, сите парламентарни политички партии под изговор дека им помагаат на граѓаните без валидни документи, донесоа дополнителни скриени измени на Изборниот законик со што практично ги исфрлија од игра независните кандидати и ги спречија да учествуваат на сите следни избори на локално и на национално ниво.

Поднесени од пратениците на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ и со премолчана поддршка од сите останати, измените го зголемуваат прагот на потребните потписи за учество на изборите, од досегашните 1.000 потписи, на 1% отсто од запишаните избирачи.

На пример во Скопје, независните листи место досегашните 1.000 потписи, ќе треба да собере 4,674 потписи за воопшто да може да се кандидира на следните локални избори!

За споредба со земјите во чие друштво сакаме да бидеме:
🇦🇹🇧🇪 Австрија и Белгија имаат барање од 200-500 потписи, зависно од регионот;
🇬🇧 Британија – 10 потписи;
🇫🇮 Финска – 10 потписи или три и пет во помали општини;
🇩🇪 Германија – 200 потписи;
🇩🇰 Данска помеѓу 150 и 200;
🇮🇪 Ирска 15 потписи за општини и 60 за парламентарни избори;
🇨🇾🇲🇹 Кипар и Малта – 4 потписи;
🇬🇷 Грција – 12 потписи;
🇪🇪🇫🇷 Во Естонија и Франција нема барања за потписи.

Ваква измена истиот овој парламентарен состав се обиде да спроведе и пред локалните избори во 2021 година со цел отстранување на голем дел од новите независни кандидати, но обидот беше блокиран од голем број на амандмани. За потсетување, на локалните избори 2021 година независни кандидати добија место во дури 33 општини или 41% од сите општини во Македонија и Градот Скопје!

Иако навидум лути непријатели, партиите и од власта и од опозицијата се во совршено хармонични односи и веднаш наоѓаат заеднички јазик кога треба да го одбранат нивниот „терен“ на влијание.

Групата на независни активисти и членови на советите низ Македонија, бара веднаш да се отстранат апсурдните услови за собирање потписи на независните кандидати на избори, и да:
– Се постави услов од најмногу 50 собрани потписи за независни кандидати.
– Се дозволи собирање потписи на терен и надвор од канцелариите на ДИК.
– Се зголеми периодот на собирање потписи на 30 дена.
– Се дозволи името на советничките независни листи да биде во целост наведено на избирачкото ливче.
– Се дозволи пристап и на независните до избирачкиот список.

Овие измени да се направат веднаш, по скратена постапка, како што минатата недела беа направени измените за блокирање на независните кандидати!

Овие предлози се поднесени однезависните листи: Шанса за Центар, Независни За Карпош – За Заштита На Карпош, Подобро за Тетово, Зелените, Поинаку, СТИГА Е – Струмица, СТИГА Е – Фронт против рудникот и загадувачите на животната средина – Босилово, Ново Село.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search