Оваа војна е против единството на Европа!

Обраќање на претседателот на Украина, Володомир Зеленски:

Германскиот Канцелар Олаф Шолц вчера за руската инвазија во Украина изјави дека Европа вакво нешто не видела 75 години. И тоа е вистина. Но, ова не е целата вистина.

Ова не е само руска инвазија во Украина, ова е почеток на војната против Европа. Против единството на Европа. Против основните човекови права во Европа. Против сите правила на соживот на континентот. Против тоа што европските држави одбиваат да се делат, а имено да се делат границите со употреба на сила.

Украинските градови веќе втор ден по ред се под ракетни и бомбашки напади. Тенковите колони и воздушните напади се максимално слични на она што Европа веќе одамна го има видено – за време на Втората светска војна и она за што велеше „никогаш повеќе“. Но, еве го се случува! Повторно се случува. Сега. Во 2022 година. 75 години по крајот на Втората светска војна.

Сигурен сум дека ова го гледате – сите вие, цела Европа. Но, не можеме целосно да видиме што планирате да правите со тоа. Како ќе се заштитите кога толку полека ни помагате во Украина?

Ќе наведам што веќе се има случено. И за тоа сме ви благодарни. Секторски санкции. Вакви секторски санкции против Русија воведоа САД, Канада, Обединетото Кралство, Европската унија, Австралија и Нов Зеланд. Вклучително, против сите големи банки. Против најголемите руски претпријатија. Против пристапот на Русија до западните технологии.

Но, руските тенкови сè уште пукаат по домовите во нашите градови. Оклопни возила се уште напаѓаат, меѓу другото, и врз цивили. Обични граѓани на Украина.

Европа има доволно сила да ја запре оваа агресија. Што да очекуваме од европските земји понатаму?

Укинување на визите за Русите? Да се ​​исклучат од SWIFT? Целосна изолација на Русија? Отповикување на амбасадорите? Ембарго на нафтата? Затворање на небото? Денеска сето тоа мора да биде на маса, бидејќи е закана за нас, за сите нас, за цела Европа. Сè уште може да се запре агресијата. Мора да дејствуваме без одложување.

И обичните луѓе можат да дејствуваат, сигурен сум, во секоја земја во светот, во секоја земја во Европа. Излегувајте на плоштадите во вашите градови и барајте мир за Европа, мир за Украина, престанете со оваа војна. Излезете, излезете на плоштад и побарајте прекин на војната. Ова е наше право. Ова е ваше право.

Кога паѓаат бомби во Киев, тоа се случува и во Европа, не само во Украина. Кога проектили го убиваат нашиот народ, тоа е смрт на сите Европејци. Барајте поголема заштита за Европа, поголема заштита за Украина како дел од демократскиот свет.

Сè додека државните институции во Европа не брзаат со навистина силни одлуки, секој Европеец во неговиот главен град веќе може да дојде во нашата амбасада и да ја понуди својата помош. Исто така, барајте од вашите влади Украина да добие повеќе – повеќе финансиска, повеќе воена помош. Затоа што оваа помош е помош за вас. Затоа што ова и помага на Европа. Си помагате самите на себеси.

Вас веќе Ве уценија со гас. Веќе Ве понижија. Веќе сакаат да ве поделат и разделат вас, како што се обидуваат да ја поделат Украина денес.

Заштитувајте се себеси. Исто како што ние се заштитуваме.

Би сакал уште еднаш да му се обратам на Претседателот на Руската Федерација. Борбите се водат низ цела Украина. Ајде да седнеме на преговарачка маса. Со цел да се ​​запре смртта на луѓето.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search