Осуда од Меркел за руската инвазија на Украина!

Поранешната германска канцелара Ангела Меркел ја осуди руската инвазија врз Украина и изрази солидарност со земјата.

„Оваа агресивна војна на Русија означува длабока пресвртна точка во историјата на Европа по крајот на Студената војна“, изјави Меркел за германската агенција ДПА.

„Нема апсолутно никакво оправдување за ова еклатантно прекршување на меѓународното право, и го осудувам со најсилни можни зборови“, изјави Меркел.

„Моите мисли и мојата солидарност е со украинскиот народ и со владата предводена од претседателот Володимир Зеленски во овие страшни часови и денови“, рече Меркел, изразувајќи „целосна поддршка“ за напорите на ЕУ, НАТО, ОН и Г7 да и стават крај на војната.

Меркел за оваа криза за разлика од 2014 вели дека овојпат ситуацијата е поинаква затоа што при овој напад на Русија целта е целата Украина.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search