Она што политичарите го ветија треба да го исполнат!

Политичките и институционалните субјекти треба да бидат свесни дека се под будно око од граѓанскиот сектор.

Мобилизирањето на заедницата во креирање но и користење на дигитални иновации ќе допринесе за собирање на податоци, но и потврда што е потребно да се направи и каков е квалитетот на сето тоа што се прави или што не се прави.

Покрај мобилизирањето на заедницата Фондацијата Импакт Нет со проектот Зелена мапа за зелена заедница врши мониторинг на одредени области и програми на локалните власти.

Фокусот е ставен кон мониторинг на Програмата за животна средина во Општина Велес во неколку точки како што се јавното зеленило, пошумувањето, конечната изведба на велосипедски патеки во градот и до Езерото Младост, управувањето со отпадот.

Благој Ѓорѓгиевски – мобилизатор на заедницата и дел од проектот на фондацијата вели: Иако постојат позитивни придвижувања, потребите ја надминуваат реализацијата и видливо е потребна што побрза реализација на конкретни мерки и активности за јавниот транспорт, омасовување на пошумувањето, обезбедување на велосипедска патека по должина на целата главна улица во градот и обезбедување на безбедни услови за лицата кои користат или сакаат да користат велосипед или тротинет. Тоа е начин да го намалиме загадувањето од автомобилите.

*Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот. #CHinMK

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search