Охрид Не сака да слуша! – прекината Јавната Расправа за Студенчишко Блато

За денес беше закажана Јавната Расправа за Нацрт Законот за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје, во категорија Парк на природата.

Со заштитувањето на Студенчишко Блато ќе се овозможи зачувување на природната состојба на локалитетот Студенчишко Блато преку заштита на природните и други вредности; ќе се изврши спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите; ќе се создадат поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност и ќе се обезбеди одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.

И покрај тоа што за Студенчишко Блато постои изработена Студија за валоризација со која јасно се востановуваат три зони (зона за строга заштита, зона за активно управување и зона за одржливо користење) кои се изработени согласно фактичката состојба на теренот вклучувајќи поволни решенија за сите засегнати страни и заштита на Блатото на денешната Јавна Расправа со учество на експерти и претставници од Министерството за животна средина, од прва рака ќе се овозможеа соодветни информации за засегнатите страни во транспарентна постапка на Министерството за животна средина и просторно планирање во координација со Општина Охрид. Но во помалку тензична атмосфера група на граѓани поведени од адвокатски застапник првенствено побараа прекинување и одложување на Јавната расправа, а потоа и ја напуштија салата без да ги слушнат информациите подготвени во нивна корист.

Со тоа процесот за заштита на Студенчишпко Блато повторно е во статус-кво ситуација и останува во сила Решението за привремена заштита со кое се ограничува секаква дејност во тој предел. Тоа е најмалку посакувана ситуација за сопствениците на имоти и ситуација која најмалку им одговара, но во интерес на транспарентната постапка и поради желба Студенчишко Блато да биде конечно заштитено подрачје се надеваме дека во скоро време процесот ќе продолжи.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search