Од следната година инстант визи за влез во ЕУ

Од следната година, на граѓаните на Западен Балкан ќе им треба дозвола или „инстант виза“ за влез во една од земјите на ЕУ, што ќе чини седум евра.

Како што беше соопштено од Брисел, Европскиот систем за авторизација на патување (ETIAS) треба да стане целосно оперативен во текот на 2022 година, по што околу 1,4 милијарди луѓе од повеќе од 60 земји, кои досега можеа слободно да влезат во Шенген – зоната, ќе бидат принудени да аплицираат за овој „билет“ или како што се нарекува и „патна дозвола“ пред да заминете во некоја од земјите на ЕУ.

На состанокот на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Fronteks), кој се одржа на 13 октомври, беше забележано дека ЕУ нема прва да бара слично нешто од земјите кои се во безвизен режим.

Според нив, таква практика веќе постои во САД, Канада, Австралија, додека самата идеја за воведување на ETIAS датира од 2016 година, и беше објавено дека целиот систем ќе проработи оваа година, но поради пандемијата, почетокот на имплементацијата беше одложен.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search