Од модна писта на листа за СОвет на ДОМ и ЛДП

Во недостаток од свое членство коалицијата Одлучно, на ЛДП и она што остана од ДОМ, која претходно се нарекуваше коалиција Магла продолжи да изненадува со понудените ликови за членови на Совет на општините и Градоначалници.

Најновата понуда од оваа коалиција е манекенката Билјана Јаневска која е на листата за советници на Општина Карпош, која во интервју за Репортер ќе изјави:

„Мој добар другар спонтано ми спомна дека сакаат убави жени во политичкиот свет и дека не би било лошо малку да ги освежам. Сето тоа ми звучеше примамливо и без размислување прифатив“.

Покрај манекенката Билјана, оваа коалиција го номинираше и музичарот Бени Шаќири за кандидат за Градоначалник на Град Скопје.

Рокерот Бени Шаќири иако во едно интервју изјави дека за да се биде политичар треба да се биде расипан. Се прашуваме што е она што го прелажа Бени за да прифати и тој да влезе во политика.

На листите на ЛДП и она што остана од ДОМ може да се најдат пеачи, рокери, манекенки, застапници за рударската индустрија, вечни функционери, олигарси, лица за кои се водеа судски процедури за насилство, пребегани или избркани членови од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Обединети за Македонија, само членови на нивните партии на листите скоро и да нема.

До душа ЛДП предничи со понудата пред она што остана од ДОМ. На листите од членството од ЛДП може да се забележат цели фамилии со кумство и братучеди до трета линија, додека од зелените и признати борци и активисти за животна средина и до вчерашни советници од ДОМ ниту трага ниту глас.

Претседателката, на она што остана од ДОМ, Маја Морачанин до крај решително продолжи кон уништување на едеинствената зелена партија. Таа себе си се обезбеди со пратеничка плата и учество во низа комисии за кои зема огромни хонорари, а за своите другарки и десетина ликови назначени функционери кои се единствените членови кои останаа во партијата обезбеди по 2 до 3 позиции во низа управни одбори за дополнителни хонорари, а довчерашните зелени активисти и признати поборници за здрава животна средина од 17 општински организации реши целосно да ги игнорира.

На интернет страницата на Државната изборна комисија може да се види дека во Куманово, Битола, Прилеп, Велес, Тетово, Лозово, Гази Баба, Радовиш, Делчево, Берово, Кисела Вода, Центар, Аеродром, Пробиштип, Кочани, Карпош целосно изоставени се претседателите, советниците и зелените активисти на општинските организации на ДОМ, а понудени се целосно анонимни ликови кои немаат допирна точка со зелената идеологија.

Маја Морачанин од говорницата во Собранието изјави дека нејзина заложба е струјата да биде поскапа, што директно би го погодил џебот на граѓаните. Се прашуваме дали овие понудени локални ликови можеби би се бореле за поскапување на сметките за вода на локално ниво.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search