Нова антибактериска подлога за детската градинка СРНИЧКА

Објектот „Чекорче“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во населбата „Јане Сандански“ добива комплетно нов под по цели 35 години.Проектот ги опфаќа двата ката на објектот, каде што стариот и дотраен паркет се заменува со модерна антибактериска подлога.

Станува збор за современа подлога која е од исклучително значење за правилен и здрав раст и развој на дечињата. Се обнови и надворешноста, односно фасадата на објектот „Чекорче“, која ги задоволува стандардите на енергетската ефикасност.

„Секоја реконструкција и реновирање на објектите е значајна затоа што децата мора да престојуваат во здрава и пријатна средина, затоа што тие се нашата иднина“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Годинава во Февруари, во клонот „Пчелка 2“ во рамките на градинката „Буба Мара“ во населбата Лисиче целосно се реконструираше главната кујна, за прв пат од изградбата на објектот во 1980 година. Во 2019 година беше пуштен во употреба целосно нов објект во Ново Лисиче со капацитет за згрижување на 200 дечиња.

Неодамна почнаа градежните активности на изградбата на новиот објект „Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во Стар Аеродром со капацитет за згрижување на 200 деца.

А.Џ.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search