Нордиските фудбалери – „За дополнителен притисок врз Катар“

Нордиските фудбалски федерации испратија писмо до ФИФА: „Дајте дополнителен притисок врз Катар“

Во новото писмо до ФИФА, нордиските фудбалски федерации побараа дополнителни подобрувања во условите на работниците мигранти во Катар пред Светското првенство следната година.

Во писмото, потпишано од највисоките фудбалски претставници во федерациите на Шведска, Финска, Данска, Норвешка, Исланд и Фарските Острови, последниот извештај на Амнести го опишаa како алармантен.

Писмото е испратено до генералниот секретар на ФИФА, Фатма Самура.„Силно ја охрабруваме ФИФА, врз основа на информациите од Амнести, како и претходните извештаи од организации како ILO и BWI, да изврши дополнителен притисок врз Катар“, се вели во писмото.

Во извештајот се наведува дека 15.021 работници мигранти го загубиле животот од 2010 година до 2019. Во февруари весникот Гардијан објави дека бројот изнесува 6.500. Амнести исто така тврди дека седум од десет смртни случаи меѓу работниците мигранти во земјата немаат веродостојно објаснување.

„Ќе го продолжиме дијалогот со ФИФА, управниот одбор во Катар и другите релевантни играчи за да создадеме повеќе подобрувања за работниците мигранти“, изјави шефот на Данската фудбалска федерација, Јакоб Јенсен.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search