Ниту “З” од Зелените на листите за совет и градоначалници на ДОМ

Откако Маја Морачанин претседателката на она што остана од ДОМ – партијата на зелените, со нестатутарни одлуки продолжи да дејствува автократски во партијата во која останаа само 6 општински организации, а останатите 17 општински организации го замрзнаа членството, премина кон номинирање на кандидати за градоначалници и членови на советите за престојните избори лица кои ниту ја познаваат зелената идеологија ниту имаат допирна точка, искуство или допринос кон зелената идеологија во Македонија.

Курто Дудуш – градоначалник на Шуто Оризари од СДСМ и милионер според имотен лист кој го пријавил, а за кој имаше и судски процес за напад на човек е еден од кандидатите на коалицијата на ДОМ и ЛДП – Одлучно за промени.

Ѓулистана Марковска, поранешна пратеничка и членка на ВМРО-ДПМНЕ е исто така сега еден од кандидатите за градоначалници на коалицијата на ДОМ и ЛДПМ – Одлучно која претходно се викаше коалиција Магла.

Според доставените кандидатури до Државната изборна комисија може да се пронајдат едвај десетина имиња за членови на совет кои се сеуште членови на она што остана од зелената партија.

Прашуваме дали мотото на коалицијата „Одлучно за промени“ се применува во пракса со тоа што се игнорирани, разрешени и избркани признати зелени активисти и зелени борци признати во своите општини и на национално и меѓународно ниво.

Дали тоа „зелената партија“ остана во магла збунета, зашто првенствено посака да излезе од истата и го загуби својот пат за дејство. Па сега наместо да номинира еко и зелени активисти, номинираше за предводници на листи на совети и за градоначалници лица кои зад себе влечат крајно десно или лево ориентирана идеологија и активно членство во други партии и немаат ниту една еко или зелена акција.

На партиските промоции низ државата Маја Морачанин видливо беше во друштво со олигарси и лица поборници за поддршка за рудниците кои немаат „З“ од зелената идеологија.

Дали тоа од “зелена” оваа партија премина кон сиво-црна боја, а некој со умисла посегна кон уништување на единствената призната зелена партија што постоеше кај нас, нешто што е спротивно на зелениот бран што постои во Европа.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search