Независните листи им дишат во врат на партиите

Веднаш по рејтингот на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ најзначителен скок има поддршката за Независните листи, а бројот на неопределени гласачи се движи околу 20% што претставува видлив доказ дека народот е преморен од монолитната политичка понуда изминативе години.

На анкетата на ИРИ на прашањето „Доколку локалните избори се одржеа денес, за кој кандидат ќе гласавте за градоначалник на вашата општина?“ за СДСМ се одлучиле 19%, за ВМРО-ДПМНЕ 18%, додека за независна листа би гласале 7%. На третата позиција со 7% се исто така и ДУИ, додека кај поддршката за Левица се бележи стагнација, по што следат поддршките за БЕСА, Алијанса и Алтернатива, Интегра, а за останатите партии поддршката е незначителна.

Најголема поддршка за независните листи има во Град Скопје за листата Зелен Хуман Град, во Куманово за листата За чисто и хумано Куманово и во Гази Баба за листата Зелените од Гази Баба.

Во многу општини борбата помеѓу двете најголеми партии е со предност на СДСМ но во низа општини борбата е изедначена. По што може да се заклучи дека нивните коалициони партии ДОМ и ЛДП кои се сеуште во коалиција со СДСМ за парламентарно мнозинство, а на изборите настапуваат самостојно на локалните избори повеќе ќе им наштетат на листите на СДСМ извлекувајќи по 100 до 200 гласа кои можеби некаде ќе бидат пресудни.

Според анкетата на ИРИ, граѓаните на Македонија немаат висока доверба во локалните власти пред изборите што се очекува да се одржат во октомври. На прашањето дали би го поддржале реизбор на градоначалникот од нивната општина, над половина од испитаниците (53%) рекле дека би требало да се избере друг кандидат.

Одлучувачки конструктивен фактор во низа општини ќе бидат независни листи во Македонија кои се и предводници на зелената идеологија. Такви листи се:

Ана Петровска – борец за заштита на животната средина и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје со број 104,
Независната листа за совет – Зелените од Гази Баба со носител Дејан Димитровски со реден број 76,
Независната листа за совет Битола Зелена со носител Ристенка Алтипармаковска со број 36,
За чисто и хумано Куманово со носител Сузана Ѓорѓевиќ и реден број на листа за совет 41,
Независната листа за совет на Град Скопје – Зелен Хуман Град со носител Драгана Велковска и реден број 119,
Зелената листа Независни од Карпош предводена од Невена Георгиевска зелената активистка од невладината О2 со реден број 52 на листата,
Независната листа Шанса за Центар предводена од зелената активистка Јана Белчева со реден број 83,
Независната листа во Радовиш предводена од Александра Трајанова со број 59 и
Независната листа на зелени активисти од Тетово предводена од Хамди Сулејмани со реден број 93.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search