Нема инспектори против загадувањето зашто директорот го поништи огласот!

Додека Скопје, Гевгелија, Струмица, Тетово, Кочани, но и целата држава повторно рушат рекорди во загаденост на воздухот во светски рамки и луѓето трпат здравствени последици, в.д. директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковск денес на прес конференција раскажуваше приказни дека загадувањето на воздухот не е од индустријата и дека само што не вработиле нови инспектори кои ќе се бореле против загадувањето.

Мапа на загаденост на воздухот во Македонија

Кажано со народен јазик: прасето го гојат пред сам Божиќ.

Зошто ги лажете граѓаните директоре дека се борите против загадувачите? Инспектори за животна средина нема во неколку општини подолг период, а вие бевте одговорни за запирање на огласот за вработување, не на еден или двајца туку на 6 нови инспектори. Со што загадувачите го искористија сето ова и продолжија да не трујат.

Имено Државниот инспекторат за животна средина имаше објавено конкурс за вработување на 7 лица од кои 6 инспектори за животна средина во повеќе општини низ Македонија и правник уште во месец јули, и само неколку дена ги делеше инспекторите од потпишување на решение за вработување. Но прва активност на ново назначениот в.д. директор беше што го сопре огласот и постапката, а потоа повторно распишa нов оглас и така се во круг за нечии интереси.

Првичниот оглас беше за вработување и на Виш инспектор и инспектори во повеќе региони, а најавите на сегашниот в.д директор Стојковски се дека ќе вработувал само помлади инспектори. Читај, со ограничени надлежности!

В.д. директорот Сретен Стојковски, инаку пулен на Маја Морачанин – претседателка на она што остана од партијата ДОМ, дојде на функција на местото на една од најрелевантните и најафирмирани зелени борци и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Ана Петровска, која беше разрешена од функцијата само поради тоа што си ја работеше работата.

Инспекторатот за животна средина под водство на Ана Петровска успеа да спроведе 200% повеќе од планираните и вонредни инспекциски надзори, за што доби целосна поддршка од најрелевантните невладини зелени и еколошки организации меѓу кои асоцијацијата Разбистри се, од медиумите, од меѓународните претставници и граѓаните, а беше разрешена со политички притисок од оние кои ја назначија и кои требаше да бидат најгорди со нејзината работа, „зелената партија ДОМ“. Но изгледа дека претседателката на ДОМ Маја Морачанин исплашена од популарноста на Ана Петровска се одлучи да ја промени нестатутарно не само од потпретседателското место во партијата туку и од директорското место во инспекторатот за животна средина заканувајќи се со својот глас за поддршка на владата која тогаш висеше на стаклени нозе. По што 17 општински организации го напуштија ДОМ и партијата остана само со 6 општински организации губејќи ги скоро сите зелени борци вклучително и Мирослав Богдановски, раководител на инспекторатот за животна средина на Град Скопје и поранешен пратеник и Дејан Димитровски, поранешен советник во Општина Гази Баба и зелен активист.

А доколку Ана Петровска беше оставена да ја врши својата работа сигурно бројот на загадувачи ќе беше далеку помал и денес ќе имавме далеку подобра состојба со загаденоста во воздухот, а Државниот инспекторат за животна средина ќе останеше да биде најтранспарентната институција и прв бранител за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Но на Facebook профилот на Ана Петровска и Зелен Хуман Град, од нејзините гостувања во медиумите овие денови можеме несебично да чуеме низа корисни совети што точно институциите треба да сработат за да се реши проблемот со загадувањето. За разлика од прес конференциите на сегашниот в.д директор Стојковски на кои слушаме информации, не за успешноста на инспекциските надзори туку дека инспекторите биле обучувани на семинари, сигурно и добро гоштевани и дека само што не се дигитализирале, а претходно знаеме дека ДИЖС важеше за една од најдостапните институции каде загадување можеше да се пријави 24/7.

Да веруваме дека во 2022 година ДИЖС ќе постане повторно релевантна институција која ќе се бори на вистински начин против загадувачите и дека ќе бидат избрани и поставени некорумпирани инспектори за животна средина кои несопирливо ќе се борат за зачувување на здравјето на луѓето.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search