Курто нов Претседател на ДОМ и ЛДП!?

Откако Државната изборна комисија ги објави резултатите од гласањето на вчера одржаните локални избори видливо е дека коалицијата на ЛДП и она што остана од партијата ДОМ доживеа дебакл.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин откако од партијата на нестатутарен и нелегитимен начин ги разреши од функции зелените активисти и заштитниците на животната средина премина кон номинирање на сомнителни ликови за кандидати за советници и градоначалници, или ликови кои немаат никаква поврзаност со зелената идеологија, а уште помалку со либералната демократија на ЛДП. Така за кандидати на нивните листи беа номинирани рокери, пребегани членови од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Обединети за Македонија, олигарси и застапници од рударското лоби.

Од вкупно четириесетина советници колку што имаа претходно двете партии сега едвај имаат десетина.

Најблиските соработници на Маја Морачанин номинирани за кандидати за градоначалници во Кисела Вода, Ѓорче Петров, Крива Паланка и Штип завршија на последно или претпоследно место.

Дебакл доживеа и претседателот на ЛДП, Горан Милевски номиниран за градоначалник на Битола од двете партии.

Најдобар резултат на коалицијата на ЛДП и ДОМ покажа, Курто Дудуш, довчерашен градоначалник на Шуто Оризари од редовите на СДСМ кој ќе трча во втор круг спротивставувајќи му се на кандидатот на СДСМ. Дали ова ќе биде дополнителен повод ЛДП и ДОМ да бидат исфрлени од коалицијата со СДСМ, останува да видиме. Но очигледно на низа места коалицијата на ДОМ и ЛДП наштети на резултатот на нивниот коалиционен партнер во Владата, со тоа што ниту успејаа да влезат во Советите во повеќе општини, а им одзеде гласови од контото и СДСМ изгуби по еден советник во сите тие општини.

Листата предводена од тимот на Курто Дудуш освои дури 4 советника во Шуто Оризари, со што Курто постанува возможен наследник на претседателите на ЛДП, Горан Милевски и на ДОМ, Маја Морачанин, кои иако обединети во коалиција во општините каде номинираа свои кандидати не добија успешни мандати. Единствените кандидати кои влегоа во новите совети се личности кои имаа доза на популарност поради својата дејност, како микробиологот Никола Пановски.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search