Куманово Заслужува да биде Зелен Град!

Куманово на престојните парламентарни избори ќе има можност да одбере да постане Зелен Град. Независната зелена листата за Совет – За Чисто и Хумано Куманово ги собра потребните потписи и ќе биде дел од можностите за гласање за кумановци.

Носителот на листата, Сузана Ѓорѓевиќ на профилот на Facebook денес напиша: „Заедно да започнеме една поинаква убава иднина за нас и за нашите деца. Да не се срамиме каде живееме, да не се срамат нашите деца, да не заминуваме во потрага по подобри услови за живот, да не ни заминуваат децата. Да направиме промена!Да ги вратиме луѓето кои заминаа, зашто копнеат за дома. Познавам многу мои сограѓани кои си заминале, гледајќи наназад, кон своето огниште, кон својот дом. Имаме многу работа, ама имаме и огромна воља и знаење како да продолжиме кон подобро. Куманово заслужува да биде сакан град, да биде зелен град, хуман град за сите нас. Но треба да му помогнеме. Ние знаеме како и ќе се бориме за сите. Вашата поддршка, вашиот ПОТПИС е наш поттик за борба, за победа за сите. Кумановчани и жителите на околните села и населби заслужуваат подобри услови за живот. Да не копнееме за враќање назад, тука да сме среќни. ЗА ЧИСТО И ХУМАНО КУМАНОВО. Ви ветувам на овој убав ден, ќе се борам за сите со сите сили, заедно со мојот тим прекрасни луѓе, да го оствариме вашиот сон. Да сте горди на Куманово! Ви благодарам за секој ПОТПИС.“

Програмските определби на тимот на Листата за Совет – За Чисто и Хумано Куманово се фокусирани кон: тротоари без возила, за дрвореди, за нови паркови, за улици без отпад, за зелени површини, за велосипедски патеки, чисти реки, за убав град. Листата е составена од низа експерти екологисти и докажани луѓе во борбата за подобра животна средина и членови на Совет кои ќе дејствуваат Куманово да биде Град по мерка на граѓаните.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search