Кои се зелен хуман град?!

Собирањето на потписи за кандидирање на советници и градоначалници на престојните локални избори трае уште неколку дена. Едни од најгласните промотори на граѓанските листи се Зелен Хуман Град кои покрај собирање потписи за листа на советници тие собираат и потписи за Градоначалник на Град Скопје.

Собирањето на потписи од граѓански активисти ги стави во паника четирите најголеми партии и истите побрзаа да ја усложнат оваа граѓанска и демократска можност. Во тоа најголемите партии не успејаа овој пат. Но сигурно нема да се откажат од таа помисла.

Но да веруваме дека наместо усложнување на демократското и уставно право граѓаните да бидат бирани за членови во локалните совети, за градоначалници или за парламентарци ќе биде далеку подостапно во иднина со далеку подемократски олеснета постапка со цел да се надмине партизацијата на општеството која е главна рана на дашата демократизација.

КОИ СЕ ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД?

Се појавија на социјалните мрежи и од таму ја започнаа нивната кампања. Но тие се зелени активисти докажани на повеќе полиња.

Кандидат за градоначалник за Град Скопје номиниран од Зелен Хуман Град е Ана Петровска. Таа е архитект, просторен планер и екологист со професионално искуство од над 30 години. Работела на законски решенија и голем број проекти за заштита на животната средина и просторното планирање, од кои релевантни за идниот развој на Градот Скопје се Просторниот план на државата, на заштитните зони на изворот Рашче, Генералниот урбанистички план на Скопје и Локалниот еколошки акциски план за Скопје. Како директор на државниот инспекторат за животна средина ги подобри контролите, го зголеми бројот на надзори, го олесни пријавувањето на загадување од страна на граѓаните и ја зајакна соработката со граѓанскиот сектор.

Носител на листата на совет на Зелен Хуман Град е Драгана Велковска таа е членка на Совет на Град Скопје (2017-2021), дипломиран филолог, овластен судски преведувач, извршна директорка на „Е.Д.Е.Н.“ и основач на првиот етички ресторан за веганска храна „Веган365Кујна“.

Веднаш зад Драгана на листата е Горјан Јовановски кој е создавач на апликацијата МојВоздух, МојМиленик и алатката за директна демократија – МојГрад. Практично, Горјан е човек кој се грижи за заштита и унапредување на животната средина!

Повеќе за активностите, програмата и кандидатите на Зелен Хуман Град можете да погледнете на следниот ЛИНК.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search