Кои партии се на дното на рејтинг листите?

Според последната анкета за локалните избори на агенцијата Рејтинг видливо е дека на дното на рејтинг листите кај гласачите се движењето Одлучно на она што остана од партијата ДОМ и партијата ЛДП кои претходно се нарекуваа коалиција Магла.

Идентична е и состојбата во општините. На пример во Општина Карпош според истата анкета последното место на рејтинг листата му припаѓа на кандидатот Христа Најденов од коалицијата ЛДП и она што остана од партијата ДОМ со само 1,9% . Додека со најголема популарност и поддршка е кандидатот на СДСМ Душко Весковски за кој со поддршка се изјасниле 35,7 отсто од испитаниците. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Зафировски Оливер го поддржуваат 25,4% од испитаниците Зафировски, додека кандидатот на Левица Дарко Ристовски го поддржуваат 8,6 проценти од испитаниците. Што се однесува до поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, кој влезе во трка и на овие избори како кандидат на неговата партија ГРОМ, поддршката е од 8,4 проценти.

На последно место од истата коалиција ДОМ, ЛДП според анкетите се и кандидатите за градоначалник за општина Ѓорче Петров и Општина Штип, Љупчо Јаневски – кој воедно е и директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Ванчо Санев – заменик директор на затворот во Штип.

Од друга анкета констатиран е и целсен дебакл на претседателката Маја Морачанин која ја подели зелената партија останувајќи само со поддршка од 6 општински организации, губејќи ја поддршката на 17те други општински организации од партијата.

На анкетата е констатирано дека дури 61,5% од испитаниците, Маја Морачанин, пратеник во Собранието и претседателка на она што остана од ДОМ, не ја познаваат воопшто, а останатите 21,9% се со негативно мислење за нејзе како политичар. Партијата предводена од Морачанин има рејтинг од само 0,2%. Додека коалициониот партнер од ЛДП, претседателот на партијата Милевски кој воедно е и кандидат за Општина Битола не го познаваат дури 52,1% од испитаниците, а рејтингот на партијата е 0,3%.

Од политичката понуда за локалните избори лош рејтинг покрај ДОМ и ЛДП има и Твоја Партија која целосно изостанува од познавање на гласачите дека е субјект за кој може да се гласа.

Во албанскиот блок најлош рејтинг има партијата Алтернатива за која би гласале само 0,8% од гласачите, а за ДПА 0,9%.

За разлика од губитничките партии нецели два процентни поени е разликата во рејтинзите на двете најголеми политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, при што социјалдемократите се во благо водство. Ова го покажа последното истражување на јавното мислење на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).

Во многу општини констатирано е дека одлучувачки фактор за превласт во советот ќе имаат листите на независните кандидати и зелените како и листите на партијата Левица.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search