Кој ќе биде одлучувачки фактор во Куманово?

Само уште неколку дена не делат од разрешницата на локалните избори. Во Општина Куманово се случува една од поинтересните политички битки со повеќе чинители.

Сакајќи да се презентираат пред јавноста лажирани податоци, пред некој ден процентот на испитаници кои изјавиле дека нема да гласаат беше претставен како рејтинг на актуелниот градоначалник. Имено 33,5% од испитаниците изјавиле дека нема да гласаат.

Со цел точно информирање за состојбата на рејтингот на учесниците на локалните избори во Општина Куманово ги споделуваме информациите од анкетата на Центарот за политички истражувања и комуникации во целост.

Според сондажата на анкетирани 2120 испитаници СДСМ е во водство од скоро 2% или тие ја имаат поддршката од 15,3% испитаници, додека поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е 13,2%.

Независната листа За Чисто и Хумано Куманово со носител Сузана Ѓорѓевиќ кои на листата за Совет се со реден број 41 е со поддршка од 10,3% од испитаниците и очигледно ќе бидат одлучувачки фактор за мнозинството во Советот во Општина Куманово.

Листата за наше Куманово има поддршка од само 10,1% и се наоѓа веднаш зад листата За Чисто и Хумано Куманово.

Поддршката за Алијанса на Албанците е на 2,1%, а за ФРОНТ 1,5%. Поддршката од испитаниците за ДУИ изнесува 1%, а со минимална таква поддршка од само 1% е и листата на ЛДП и она што остана од партијата ДОМ.

За останатите партиципиенти на локалните избори поддршката е под 1%, па така Левица во Општина Куманово има најслаб рејтинг од само 0,3% споредено со низа други општини каде има далеку повисок рејтинг. ДПА има поддршка од 0,2%, а Интегра, БЕСА и Единствена Македонија се со 0,1% поддршка.

Видливо висок е процентот и на неодлучни испитаници кои својот глас ќе го доверат во последен момент. Таквиот процент на испитаници кои не знаат сеуште за кого ќе гласаат изнесува 11,2%. И сигурно нивната одлука ќе ја базираат на последните денови од кампањата на сите учесници и согласно убедувањето кој политичките чинители или независни листи ќе понуди најквалитетна понуда на програма и најпросперитетна визија за зелена општина Куманово и општествен напредок на општината.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search