Како да го поддржите зелениот бран во Македонија!?

Ана Петровска – борец за заштита на животната средина и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје со број 104,
Независната листа за совет – Зелените од Гази Баба со носител Дејан Димитровски со реден број 76,
Независната листа за совет Битола Зелена со носител Ристенка Алтипармаковска со број 36,
За чисто и хумано Куманово со носител Сузана Ѓорѓевиќ и реден број на листа за совет 41,
Независната листа за совет на Град Скопје – Зелен Хуман Град со носител Драгана Велковска и реден број 119,
Зелената демократска листа во Лозово предводена од Љупчо Стојанов со реден број 30,
Зелената листа Независни од Карпош предводена од Невена Георгиевска зелената активистка од невладината О2 со реден број 52 на листата,
Независната листа Шанса за Центар предводена од зелената активистка Јана Белчева со реден број 83,
Зелената демократска листа во Дојран предводена од Цилков Костадин со реден број 30,
Независната листа во Радовиш предводена од Александра Трајанова со број 59 и
Независната листа на зелени активисти од Тетово предводена од Хамди Сулејмани со реден број 93

се предводниците на зелениот бран кој и се случува на Македонија.

Сите граѓаните кои сакаат велосипедски патеки, заштита на животната средина, борба против загадувачите, посветеност за замена на фосилните горива со обновливи извори на енергија, циркуларна економија, еко туризам, справување со отпадот на еко начин и зелена одржливост својот глас ќе можат да го дадат за препознатливи зелени активисти и борци за здрава животна средина согласно погоре споменатата понуда.

Споменатите се можност која граѓаните ќе можат да ја поддржат на престојното гласање на локалните избори за совети и градоначалници со што ќе се допринесе кон озеленување на нашето општество, што е главен приоритет и посветеност на ЕУ согласно Зелениот Нов Договор до 2050г.

На престојните локални избори според списокот на Државната изборна комисија граѓаните со право на глас ќе можат да одберат и својот глас да го дадат за еден градоначалник и една советничка листа, со исклучок на жителите на Скопје кои покрај гласање за својата Општина ќе треба да гласаат и за Градоначалник и за Совет на Град Скопје.

Во борбата за Совети на општините и за градоначалници во трка се вкупно 62 листи со 1130 лица, поднесени од група избирачи и 33 листи поднесени од политички партии и коалиции, со што видлива е заинтересираноста и измореноста на граѓаните од само партиски понуди.

Париз, Загреб, Шведска, Ирска, Германија и низа други градови и држави се примери во кои се случува зелена трансформација. Веруваме дека со поддршка на независните и зелени листи кај нас ќе се даде голем допринос кон промена кон зелена благосостојба и во нашето општество.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search