Како ќе изгледа Советот на Град Скопје?

Според веќе објавените податоци на Државната изборна комисија од обработени 98,8% од гласовите поделбата на мандати на советници ќе биде по следниот редослед:

ВМРО-ДПМНЕ ќе има 17 советника

СДСМ ќе има 12 советника

ДУИ ќе има 6 советника

Левица ќе има 4 советника

Зелен Хуман Град ќе има 2 советника

ЛДП со ДОМ ќе имаат 2 советника од кои 1 е член на ЛДП, а другиот е само поддржан од оваа коалиција.

Алијанса на Албанците ќе имаат 2 советника.

Во претходниот мандат: Коалицијата предводена од СДСМ вклучувајќи ги и ДОМ и ЛДП имала 21 советник од кои 2 советника биле на ДОМ и 2 на ЛДП. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имала 17 советника, ДУИ имал 3 советника, Алијанса на Албанците имале 1 советник и Левица 1 советник.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search