Градоначалникот Димитриевски мисли дека и птиците го снимаат

Мислевме дека градоначалникот Димитриевски доаѓа културно да го поздрави собирот на зелени активисти или да лобира за собирање гласови, но тој дојде да се расправа, велат од зелените активисти, учесници и сведоци на вчерашниот собир за стратешки тренинг за зелени политики во Куманово.

Имено во текот на вчерашниот ден во кумановско се одржа обука за стратешко планирање за зелената политика во Куманово и регионот. На истата покрај учесниците од Куманово беа присутни и зелени активисти од неколку градови од Македонија. Обуката беше наменета за мапирање на Куманово и општините кои гравитираат кон Куманово на мапата за зелени можности и зелените политики како просперитетена стратешка насока.

Обуката со четириесетина зелени активисти учесници беше организира на приватен имот во природа како што доликува и со цел да се направат снимки од блиското езеро, богатата природа од регионот каде што се одвиваше обуката се снимаше и со дрон.

Но на самиот почеток наместо топло добредојде и поздрав на подвигот и Куманово да биде во зелената агенда за развој, се случи непријатност. Градоначалникот Максим Димитриевски се појави на самото место и со повисок тон се обрати кон присутните да се симне дронот и да се престане со снимање, велат од учесниците.

„Ниту знаевме дека градоначалникот има вила во соседството. Ниту пак неговата вила или тој самиот биле снимани со дронот кој го снимаше настанот зелените активисти. Згора на се неговата вила била оддалечена 300 метра од местото каде што се одвиваше нашата обука.“ – сведочи учесник на обуката.

Останува да се запрашуваме и ние: Зошто го опфатила параноја градоначалникот за да не го снимаат? Да не случајно мисли градоначалникот дека и птиците што прелетуваат над неговиот имот дека го снимаат?

Градоначалниче па имаат луѓето и други активности во животот. Не сте им вие единствена преокупација.

Имено кај нас за летање на дрон и снимање постои единствено ограничување кога евентуално би се снимала зграда на државна институција и објект на државна безбедност. Но за летање на дрон во природа не постои ограничување.

Со тоа вчерашното појавување на градоначалникот е повеќе испад за кој истиот треба да се извини со надеж дека вакви негови настапи не би требало да се повторуваат, посебно не кога тој треба да ги придобива симпатиите на граѓаните, а не да се расправа со нив или да воспоставува правила на ограничување за кои ниту законот не ограничува.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search