Го заслужуваат ли некои кандидати за градоначалник вашиот глас?

Од бројната листа на понудени кандидати за избор на Градоначалник на Град Скопје на престојните локални избори, неможејќи да слушнеме квалитетни предлози од поголем дел од кандидатите со објаснување како истите би го подобриле квалитетот на живеење во Скопје издвојуваме дел од нивните несуштински предлози и небулози.

А слушнете ги и нивните ставови и начин на однесување кон граѓаните на главниот град и проценете сами дали истите го заслужуваат вашиот глас!

Најексплицитен е односот на адвокатот Тортевски кон група граѓани кои протестираат на најавен протест во Скопје, а кој упорно се обидува да испровоцира реакција од граѓаните со низа пцовки упатени кон нив. За среќа полицијата интервенира и обезбедува „провокаторот“ Тортевски, а воедно и кандидат за градоначалник да замине.

Арбен, Бени Шаќири во едно интервју изјавува дека „нема стомах“ за да се бави со политика со дообјаснување дека политиката е за расипани луѓе, сепак сам бива на некој начин убеден и како човек музичар влегува во политички води за да го менаџира градот, заедно со коалицијата Одлучно на ЛДП и она што остана од ДОМ, која коалиција претходно се нарекуваше Магла.

Кандидатот од Комунистичката партија е убеден дека Скопје може да постане пловен град и дека тоа е решението што е потребно за Скопје. Додека кандидатот на партијата Демократи би ја иселил целата администрација од бараките на Градот без објаснување каде истата би ја сместил или кој би ја работел нивната работа.

Слушајќи ги изјавите со кои ќе бидеме бомбардирани наредниве денови до изборите би заклучиле дека за некои вакви ставови треба само тоалет и да се пушти вода зашто не вредат ни колку тоалетна хартија, како што беше една изјава на поранешен пратеник.

Сепак да веруваме дека ќе преовладее разумот кај сите нас и дека од плејадата на преостанатите кандидати сепак ќе можеме да ги издвоиме квалитетните ликови и на истите да ја даде својата доверба и глас, за да живееме нормално

(насловната карикатура во написов е на Милман).

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search