ДОМ И ЛДП ИЗГЛЕДА останаа без членство и номинираат кандидати од Вмро и ОД естрадата!

Денес коалицијата „Магла“ или по ново коалиција „Одлучно“ на двете политички парти ЛДП и она што остана од ДОМ на Маја Морачанин, за Градоначалник на Скопје го номинираа рокерот Бени Шаќири. Коалицијата продолжува да се нарекува граѓанско движење иако и двата политички субјекта се регистрирани политички партии.

Минатата недела оваа коалиција за кандидат за градоначалник на Општина Кисела Вода ја номинираше Ѓулистана Марковска, добро позната долгогодишна членка на ВМРО-ДПМНЕ и нивен пратеник во Собранието, која сега реши да го промени дресот и да трча на локалните избори со коалицијата „Излези од Маглата“ т.е по ново коалиција „Одлучно“.

Пред месец дена 17 општински организации од ДОМ го замрзнаа членството и низа познати и признати зелени активисти ја напуштија партијата, со што немајќи членство и општински организации, оваа политичка коалиција мораше да посегне кон номинирање на кандидати за Совет и Градоначалници пребегани членови од ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-Обединети или лица од естрадата, надевајќи се дека со нивната популарност ќе освои барем неколку стотици гласови.

Функционерите (министри, заменик министри и директори) од двете политички партии ЛДП и она што остана од ДОМ продолжуваат да ги уживаат привилегиите кои ги добиваат со своите функции како дел од владеачката коалиција и никако одлучно да ги напуштат удобните фотељи, а во говорите пред десетината граѓани кои ги собираат на своите настани продаваат „ветар и магла“ како е добро да се настапува одлучно. Но одлучноста кај овие партии изгледа престанува кога се работи за напуштање на удобните фотељи. Дали тоа двете политички партии само продаваат „ветар и магла“ предизборно.

Кој го прелажа Бени од врвен музичар да влезе во политика?!

Добро познатиот музичар и рокер Бени Шаќири, кој за себе изјавува дека има работено како келнер, шанкер, растоварач на камиони, контролор на билети за дискотека иако во едно интервју изјавува дека „нема стомак“ за политика и дека, за да се биде политичар “треба да си расипан во тие води“ сепак решава да влезе во политичка трка. Можеби оваа одлука се должи на фактот што пандемијата ги спречи сите музички случувања па спас се бара во политиката.

За носител на советничката листа за Град Скопје од политичката коалиција на ЛДП и она што остана од ДОМ е номиниран микробиологот Пановски Никола, кој на својот профил напиша „Вакцината е доброволна и никој нема право да ве присилува да ја примите“ што се коси со редовните објави на двете политички партии за повикување за вакцинирање.

Знаат ли предводниците на ЛДП и она што остана од ДОМ во кој правец тераат? Изгледа во решителноста по било кој основ да се биде дел од престојните избори прават коалиција пошарена од шарената револуција!

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search