враќани од Германските аеродроми поради несоодветна вакцина

Денес повторно десетина граѓани на Македонија се вратени од Германија. Причината е немање соодветна вакцина.

Иако на аеродромот во Скопје на патниците им е дозволено патување со приложени сертификати за примени вакцини на Синовак и Синофарм и плус направени тестови за Ковид19, патниците штом пристигнале на аеродромот во Баден-Баден со полиција се вратени назад со истиот авион.

Десетици граѓани секојдневно минат низ истите патешествија. Многумина од нив уште на аеродромот во Скопје им е укажано дека не можат да патуваат доколку ги немаат соодветните вакцини кои ги признава ЕУ и Германија. Но не се знае зошто патниците се остава да пропатуваат илјадници километри за потоа да бидат враќани.

Ковид ситуацијата навистина ги уназади правата на патниците и потрошувачите. На граѓаните што се одбивани за патување не им се враќаат трошоците и не се врши никакво обештетување.

Правилата секојдневно се менуваат, а Македонија за низа држави е на црвената листа како ризично подрачје на падемијата.

Иако за влез во Германија ви е потребно да се регистрирате на посебна интернет страница. Низа од патниците кои денес беа вратени од Германија прашуваат “зошто уште при регистрацијата не се информирани дека нема да им биде дозволен влез. Или зошто се остава да поминат пасошка и безбедносна контрола на аеродромот во Скопје, а потоа и илјадници километри за од Германија да бидат вратени само поради тоа што не се вакцинирани со вакцините Фајзер, Астра Зенека или Џонсон, а имаат доказ за негативен тест.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search