Дали рударското лоби влезе во политичките партии?

На самиот крај од кампањата за овие локални избори се поставуваат повеќе прашања меѓу кои е и прашањето дали рударското лоби има навлезено во целава кампања поддржувајки одредени политички субјекти?

Ова прашање се поставува затоа што на една од листите за советници во првите три се наоѓа и иницијаторката за покренување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини (Сл. Весник на РСМ бр. 7/2019).

Подносителката на поведување на оваа иницијатива бара да се исфрли членот за забрана за издавање на концесии за рудниците кои во својата работа ќе користат сулфурна киселина и цијаниди! А токму овој член е клучниот за да се заштити животната средина од употребата на овие материи и борбата на граѓаните против опасните рудници беше токму за исфрлање на сулфурната киселина и цијанидите од употреба во рудниците!

Секако дека Уставниот суд оваа иницијатива ја одбил со Решение У. бр. 164/2019.

Линк до решението  http://ustavensud.mk/?p=20710

Затоа сега се поставува прашањето дали скапите кампањи на коалицијата чиј член е таа и е кандидат од истата ги финансира токму ова лоби кое како најдобар начин за свој профит го гледа во поддршката на партиите кои прокламираат зелена агенда?

Прашањето останува не одговорено но сомнежот постои! Сепак огромна благодарност до Пратениците и Невладините и Граѓанските иницијативи кои се изборија за измените во овој Закон и едно големо браво до Уставниот суд кој професионално ја извршил својата обврска и ја има одбиено оваа иницијатива и со самото тоа ни ја зачува флората и фауната кои можеа и те како да бидат уништени со отварањето на нови рудници кои би користеле во својата работа сулфурна киселина и цијанид. 

З.Х.М

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме GREEN-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search